Staphylococcus capitis е коагулаза-негативен вид од родот Staphylococcus. Овој вид е дел од нормалната микрофлора на човековата кожа, а најзастапен е на кожата на скалпот, лицето, вратот и ушите.

Клиничко значење Коагулаза-негативните стафилококни видови создаваат слузави биофилмови кои им овозможуваат да се прикрепат за разни медицински уреди како што се протетски валвули и катетери. Оваа особина прави да тие тешко се отстрануваат од страна на имунолошкиот одговор на пациентот во текот на антибиотската терапија. Бидејќи овие бактерии се дел од нормалната флора на кожата и мукозните мембрани, тие можат да бидат воведени во внатрешните ткива секогаш кога кожата и мукозните мембрани се повредени, дали преку венска пунктура, вметнување на медицински уреди итн. Коагулаза-негативните стафилококни видови, како што се S. epidermidis и S. capitis, се евидентираат како најчестата причина за протетски валвуларен ендокардит.

S. capitis, за среќа, има помала склоност кон антибиотска резистенција и, исто така, создава помала количина на биофилм, во споредба со другите коагулаза-негативни стафилококи. Ова ја подобрува шансата за успешно сузбивање на перипротетски инфекции со S. capitis, во споредба со другите коагулаза-негативни стафилококни видови, како што е S. epidermidis .Kloos WE , Update on clinical significance of coagulase-negative staphylococci. Clin Microbiol Rev. 1994 Jan; 7(1): 117–140

Наводи

Надворешни врски Коагулаза негативен Staphylococcus CNS (англиски) Staphylococcus capitis на BacDive - мета база на податоци за бактериски диверзитет (англиски)

Категорија:Грампозитивни бактерии Категорија:Бактерии Категорија:Бактериологија Категорија:Микробиологија Категорија:Инфекции Категорија:Инфективни болести