Дарио Ивановски (р. ) — македонски атлетичар кој се натпреварува на трки на средни и долги патеки.
Во 2017 година тој победил на полумаратонската трка на Белградскиот маратон со време од 1:10:01 и на полумаратонската трка на Скопскиот маратон со време од 1:11:26.Атлетичарот Ивановски победник на полумаратонот во Белград gol.mk; 22 април 2017Дарио Ивановски, победник на полумаратонот ekipa.mk; 7 мај 2017
На 17 февруари 2018 година, Ивановски го освоил 4. место на Балканското првенство во сала одржано во Истанбул, Турција, на трката на 3.000 метри, поставувајќи нов државен рекорд со време од 8:14.44.Ивановски постави нов рекорд на 3.000 метри и го освои четвртото место на Балканското првенство gol.mk; 17 февруари 2018Дарио Ивановски, со нов македонски рекорд на 3.000 метри, до 4. место на БП! ekipa.mk; 17 февруари 2018
Тој победил на Скопскиот маратон 2021, и успеал да го собори државниот рекорд на Трпе Мартиновски поставен во 2000 година. Фотографија за историја: Стариот и новиот рекордер, на едно место gol.mk; 3 октомври 2021
Лични рекорди Дисциплина Резултат Место ДатумНа отворено 800 метри 1:54.36Питешт, Романија26 јуни 20161.500 метри 3:47.13 Тарагона, Шпанија29 јуни 20183.000 метри 8:06.66 Лимасол, Кипар20 јуни 20215.000 метри 13:54.58 Оран, Алжир3 јули 202210.000 метри 30:04.66 Скопје, Македонија22 мај 2021Полумаратон 1:04:54Тирана, Албанија 10 април 2022Маратон2:08:26Севиља, Шпанија18 февруари 2024Во Сала1.500 метри 3:44.98 Белград, Србија31 јануари 20213.000 метри 7:58.48Истанбул, Турција 5 март 2022
Наводи
Надворешни врски Профил на IAAF.org Профил на European Athletics
Категорија:Живи луѓе Категорија:Луѓе од Скопје Категорија:Македонски атлетичари