Фердинанд (Фјодор) Петрович Врангел (; Псков, 9 јануари 1797 — Дорпат, 6 јуни 1870) бил барон, руски морепловец, поларен истражувач, адмирал, почесен член на Руската академија на науките во Санкт Петербург во (1855) и еден од основачите на Руското географско друштво.
Потекло
Фердинанд Врангел потекнува од германско благородно семејство од балтичката област. Тој бил син на артилериски мајор Петар Лудвиг Врангел (1760-1807) и неговата сопруга Доротеја Маргарит Барбара фон Фрајман (1768-1806). Неговиот дедо се доселил од Данска и бил коморник на дворот на Петар III и Катерина II, но паднал во немилост и побегнал од земјата. Тој учествувал на патот околу светот со бродот "Камчатка" 1817 - 1819, кој го предводел Василиј Головњин. Од 1820 до 1824 го истражува северниот крајбрежен појас на источниот Сибир, а од 1825 до 1827 води уште една руска експедиција околу светот. Од 1829 до 1835 бил гувернер на рускиот дел на Алјаска, а потоа министер за морнарица. Кога царската влада 1867 ја продала Алјаска на САД, силно протестираа.
По него го добил името Врангеловиот остров.
Главен труд: „Патување по северните брегови на Сибир и по Леденото море 1820—1825“ (1841)
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Родени во 1797 година Категорија:Починати во 1870 година Категорија:Руски истражувачи Категорија:Руски адмирали Категорија:Истражувачи на Арктикот Категорија:Морепловци Категорија:Руско благородништво Категорија:Балтички Германци Категорија:Дописни членови на Петербуршката академија на науките Категорија:Почесни членови на Петербуршката академија на науките Категорија:Добитници на Демидовата награда Категорија:Родени во 1796 година