десно|мини|Деца бегалци во Унгарија. десно|мини|Споменик на децата бегалци во Скопје Деца бегалци () — поим со кој во Македонија се нарекуваат од 28 000 до 32 000 деца на возраст помеѓу 2 и 14 години, кои на двапати во март и мај 1948 година за време на Граѓанската војна во Грција организирано се евакуирани од Демократската армија на Грција (ДАГ) надвор од границите на Грција.Frucht, Richard (2000). Eastern Europe: An Introduction to the People, Lands, and Culture. ABC-CLIO. p. 599. ISBN 1-57607-800-0 Πολυμερίδης, Γιώργος. Η αλήθεια για τα εκπατρισμένα Ελληνόπουλα στη Λαϊκή Δημοκρατία της Βουλγαρίας. // Ριζοσπάστης. 17 август 2008 г.. Посетен на 4 февруари 2013 г..
Со спогодбата помеѓу Привремената демократска влада на Грција и источноевропските земји (март–април 1948) биле евакуирани над 30.000 македонски деца, од кои во Југославија 11.000, Романија 5.000, Чехословачка 3.000, Полска 2.500, Унгарија 2.800, Бугарија 2.500 и во Источна Германија 1.120 деца. Во тие земји, за потребите на 10.000 македонски деца биле отворени македонски училишта (со учебниции литература) и добивале пошироки знаења за македонската историја. Биле издавани и весници на македонски јазик. На костурски и лерински дијалект со кирилска азбука биле објавувани книги и романи. Како возрасни и образовани, поголемиот дел од нив се вратиле во СР Македонија. Со евакуација на децата КПГ сакала да создаде, да обезбеди и да воспита кадар за пролетерска револуција во Грција.Стојан Киселиновски, Етничките промени во Македонија (1913–1995), Скопје, 2000;Р. Кирјазовски, Народноослободителниот фронт и другите организации на Македонците од Егејска Македонија (1945–1949), Скопје, 1985.
Во Македонија, каде децата бегалци се најмногубројни, функционира Здружение на децата бегалци, која досега организирала четири Светски средби на децата бегалци — во 1988 и 1998 во Скопје, во 2003 година во Лерин и од 18 до 21 јули 2008 година повторно во Скопје. Во јули 2018 се одржала петтата средба, а подоцна и понатамошни средби.
Познати деца бегалци <div class="noprint">17п|врска= Погледнете ја главната категорија Деца бегалци
Поврзано Бегалци од Грчката граѓанска војна
Наводи
„Програма на втората светска средба на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија. 50 години Екзодус“, Скопје, 1998. The Hostages of Skopje, Fugitives, properties, and repatriation: Yugoslav confidential documents, Ε.Μ.Σ., Θεσσαλονίκη 2008 Доровски, Иван. Судбината на децата од Егејска Македонија пред шеесет години, во: Предавања на XLI меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура, Охрид 11 август - 28 август 2008, Скопје, 2009, стр. 17 - 27.
Надворешни врски
Децата бегалци, Македонска енциклопедија