Витаминот Б2 или рибофлавин (лактофлавин) е составен дел на флавин нуклеотидите (FMN и FAD). Рибофлавинот се состои од диметил-изоалоксазински прстен, за кој на положбата 9 е врзан алкохол D-рибитол. Хемиското име на рибофлавинот е 6,7-диметил-9 N-рибитил-изоалоксазин.
Рибофлавинот е портокалово-жолта кристална супстанца, растворлива во вода и стабилна на зголемена температура, особено во кисела средина. Водниот раствор на рибофлавинот флуоресцира со жолто-зелена боја.
Рибофлавинот е многу распространет во природата. Се наоѓа во млекото, месото, јајцата, овошјето и лиснатиот зеленчук. Многу бактерии и габи можат да го синтетизираат.
Надворешни врски
Mirasol PRT
Категорија:Витамини Категорија:Коензими Категорија:Неопходни лекови според Светската здравствена организација Категорија:Првични алкохоли Категорија:Вторични алкохоли Категорија:Прехранбени бои Категорија:Б-витамини