Мирко Антенучи (роден на 8 септември 1984, во Термоли) — италијански фудбалер, напаѓач на Бари.

Клупска кариера

Џулијанова Антенучи ја започнал својата кариера во 2002 година со Серија Ц1 клубот, Џулијанова,каде за две сезони во клубот младиот напаѓач успеал да забележи 35 настапи.пред да ја помине сезоната 2004-05 како позајмен во Серија Ц2, Анкона. За време на неговата позајмица во клубот, Антенучи постигнал два гола во 27 лигашки натпревари, пред да се врати во Џулијанова во летото 2005 година. Во неговиот втор мандат со клубот од Терамо, Антенучи постигнал 12 гола во 57 лигашки натпревари, во текот на две сезони.

Катанија Во Јули 2007 тој бил ангажиран од страна на Серија А од Катанија и бил позајмен на Венеција пред почетокот на сезоната 2007-2008.Забележал 27 настапи постигнувајќи 6 гола.На 1 Јули 2008 година Антенучи се вратил во Катанија и влегол во првиот состав.Тој забележал четири настапи од клупата под водство на тренерот Волтер Зенга во првата половина од сезоната 2008-2009 во Серија А.На 5 Јануари 2009,Антенучи бил испратен на позајмица во Серија Б во екипата на Пиза со цел да стекне искуство и минутажа.За време на неговиот шестмесечен престој во клубот од Серија Б,Антенучи постигнал само еден гол во 20 лигашки настапи и клубот не успеал да избегне испаѓање и исто така банкротирал.Антенучи се вратил во Катанија на 30 Јуни 2009.

На 19 Август 2009 Катанија одлучила да го испрати Антенучи на уште еден заем во Асколи каде што им се придружил на позајмените играчи од Катанија Марсело Газола и Вито Фалкониери.По неговата позајмица во Асколи тој напредувал и добил редовна стартна улога и забележал 40 настапи,постигнувајќи импресивни 24 гола,завршувајќи како втор стрелец во цела Серија Б.Тој пропуштил само два меча еден на почетокот на колото во сезоната и еден поради суспензија.Тој се вратил во Катанија пред сезоната 2010-2011.Антенучи успеал да забележи 14 настапи за Катанија во таа сезона,иако повеќето од тие биле како замена од клупата за Махи Лопес,Франческо Лоди,Гонсало Бергесио и Такајуки Моримото кои се натреваруваа за места напред.После само еден гол во Серија А,Антенучи бил испратен на косопственички договор за време на Јануарскиот преоден рок.

Торино На 23 Јануари 2011 година било објавено дека тој се придружил на Серија Б во клубот на Торино во косопственички договор.Во првиот шестмесечен престој во клубот Антенучи постигнал 6 гола во првите 19 настапи,пред да додаде уште 10 погодоци во 40 лигашки настапи следната сезона..Формирајќи силно напаѓачко партнерство со Роландо Бланки.Неговите напори му помогнаа на клубот на клубот да заврши на втората позиција во Серија Б со промоција во Серија А.

Враќање во Катанија На 21 Јуни 2012 година Катанија го победила Торино во надавањето за косопственички играчи, и 28 годишниот Антенучи се вратил во Сицилија пред почетокот на Серија А сезоната 2012-2013.Откако забележал еден настап од клупата во првиот меч од сезоната на 26 Август 2012 бил испратен на позајмица во Специја во Серија Б,на уште една долга позајмица,и тој ја завршил сезоната со 6 гола на 33 лигашки натпревари.

Категорија:Италијански фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Анкона Категорија:Фудбалери на ФК Асколи Категорија:Фудбалери на ФК Торино Категорија:Фудбалери на ФК Катанија Категорија:Фудбалери на ФК Венеција Категорија:Фудбалери на ФК Пиза Категорија:Фудбалери на ФК Специја Категорија:Фудбалери на ФК Лидс Јунајтед Категорија:Фудбалери на ФК СПАЛ Категорија:Фудбалери на ФК Бари Категорија:Живи луѓе Категорија:Фудбалери во Серија А Категорија:Родени во 1984 година