Зикте () — општина во округот Волфенбител, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа западно од ридскиот масив Елм, околу 10 километри североисточно од Волфенбител и 10 километри југоисточно од Брауншвајг.

Општината претставува административно седиште на истоимената општинска заедница.

Географија Соседни општини

Почнувајќи од северозапад надесно Зикте се граничи со слободниот град Брауншвајг, општините Кремлинген, Фелтхајм, Еркероде, Ефесен, Детум и окружниот град Волфенбител.

Општински единици

Општината Зикте се состои од следниве единици: Апелнштет, Хецум, Зикте (од 1999 заедничко име за местата Оберзикте и Нидерзикте) и Фолцум. Местото Нојеркероде припаѓа на Зикте.

Наводи

Надворешни врски

Официјална страница

Категорија:Волфенбител (округ)