Советски Сојуз, полн назив: Сојуз на Советските Социјалистички Републики или СССР () — поранешна уставна социјалистичка држава која се наоѓала на територијата на Евроазија и опстојувала во периодот од 1922 до 1991 година. Советскиот Сојуз претставувал државна заедница од 15 автономни републики, а Руската СФСР била главна и доминантна.Encyclopedia Britannica http://www.britannica.com/EBchecked/topic/614785/Union-of-Soviet-Socialist-Republics Руската Советска република честопати во Западна Европа била нарекувана само како Русија или Советска Русија.
Идејата за создавањето на земјата се појавила уште во времето на Првата светска војна, кога Руската Империја се распаднала како резултат на Октомвриската револуција. По хаотичниот период, кој е познат како Руска граѓанска војна, Владимир Илич Ленин, болшевик, успеал да ја доби власта над поголемиот дел од Руската Империја. По неговата смрт, моќта на земјата отишла кај Јосиф СталинRobert Service. Stalin: A Biography. 2004. ISBN 978-0-330-41913-0 кој преку своите методи и реформи ја спровел индустријализацијата на земјата. Во текот на своето постоење, земјата честопати водела агресивна и експанзионистичка надворешната политика чија политика водела до чести војни. По војните со Полска, Финска и балтичките земји помеѓу 1939-1940, Советскиот Сојуз во 1940 година бил нападнат од страна на Нацистичка Германија, иако двете земји претходно биле договорени околу поделбата на Полска.Russian: Договор о ненападении между Германией и Советским Союзом; German: Nichtangriffsvertrag zwischen Deutschland und der Union der Sozialistischen Sowjetrepubliken; from facsimile at 100(0) Schlüsseldokumente (www.1000dokumente.de), accessed 17 септември 2009. По четири години војна, Советскиот Сојуз се јавил како една од најголемите светски сили во светот, стопирајќи го напредокот на Германија и принудувајќи ја на капитулација. По крајот на војната, во делови од Источна Европа биле воведени комунистички режими под притисок на СССР.Source: NATO website 2nd Footnote at bottom Освен тоа, по крајот на Втората светска војна, започнал периодот кој во историјата е познат како период на Студена војна, односно војна на политичка превласт во светот помеѓу СССР и комунистичките земји од една страна и САД и западот од друга страна. Во текот на 1980 година станало јасно дека СССР ја изгубила војната со САД, и кога во 1985 година на чело на земјата дошол Михаил Горбачов, уште еднаш било потврдено дека во земјата се потребни реформи.Garthoof, Raymond L. "The Great Transition: American-Soviet Relations and the End of the Cold War" (Washington: Brookings Institution, 1994).
Земјата во текот на своето постоење била прогласена како тоталитарна држава , која спровела одредени злосторства или масакри врз своите граѓани и врз окупираните земји.Courtois, Stephane; Werth, Nicolas; Panne, Jean-Louis; Paczkowski, Andrzej; Bartosek, Karel; Margolin, Jean-Louis & Kramer, Mark (1999). The Black Book of Communism: Crimes, Terror, Repression. Harvard University Press. ISBN 0-674-07608-7B.V.Sennikov. Tambov rebellion and liquidation of peasants in Russia, Publisher: Posev, 2004, ISBN 5-85824-152-2 Full text in Russian Според некои извори, милиони жители биле испратени во концентрациони логори или биле убиени.http://www.fas.harvard.edu/~nrc/Gulag.pdf See, e.g. Michael Jakobson, Origins of the GULag: The Soviet Prison Camp System 1917–34, Lexington, KY: University Press of Kentucky, 1993, p. 88.See, e.g. Galina M. Ivanova, Labor Camp Socialism: The Gulag in the Totalitarian System, Armonk, NY: M.E. Sharpe, 2000, Chapter 2.Houghton Miffin Company (2006)Cf, e.g., Istorija stalinskogo Gulaga: konec 1920-kh - pervaia polovina 1950-kh godov; sobranie dokumentov v 7 tomakh, ed. by V. P. Kozlov et al., Moskva: ROSSPEN 2004, vol. 4: Naselenie GULAGa Според некои историчари, земјата спровела и геноцид и етничко чистење во различни земји во Европа, особено за време и по Втората светска војна. Franciszek Proch, Poland's Way of the Cross, New York 1987 P.146 Проценките за бројот на жртвите за време на раководството на Сталин се проценува на околу 20 милиони луѓе.Robert Gellately: Lenin, Stalin and Hitler (s. 531)Ralf Stettner Archipel GULag Stalins Zwangslager; Paderborn: Schöningh, 1996; S. 99–101Joel Kotek, Pierre Rigoulot Das Jahrhundert der Lager. Gefangenschaft, Zwangsarbeit, Vernichtung; Propyläen 2001, ISBN 3-549-07143-4; S. 157–159. Original: Le siècle des camps, Éditions Lattès 2000.
Во советскиот општествен систем, доминантна и единствена легална партија била Комунистичката партија, партија која се засновала на принципите на Марксизмот и Ленинизмот.Bridget O'Laughlin (1975) Marxist Approaches in Anthropology Annual Review of Anthropology Vol. 4: pp. 341–70 (October 1975) (doi:10.1146/annurev.an.04.100175.002013).William Roseberry (1997) Marx and Anthropology Annual Review of Anthropology, Vol. 26: pp. 25–46 (October 1997) (doi:10.1146/annurev.anthro.26.1.25)Encyclopedia Britannica http://www.britannica.com/EBchecked/topic/367344/Marxism/35153/Russian-and-Soviet-Marxism Секретарот на партијата бил најмоќниот човек во земјата, кој имал големо влијание врз парламентот и владата.
Потекло на поимот
Името СССР или целосно Сојуз на советски социјалистички републики (руски: Сою́з Сове́тских Социалисти́ческих Респу́блик) било усвоено во декември 1922 година. „Сојуз“ се однесува на федералниот систем на државата, „совет“ се однесува на комунистичкиот начин на владеење, „социјализам“ се однесува на општественото уредување и „република“ на членките на федерацијата. Често името се скратува само на Советски Сојуз.
Географија
Советскиот Сојуз, со 22.402.200 квадратни километри (8.649.500 квадратни милји), била најголема држава во светот, што опфаќала една шестина од површината. Големината на земјата би можела да се спореди со Северна Америка. Западниот дел на Советскиот Сојуз бил во Европа на кој припаѓал околу 25% од површина на земјата, и претставувал културен и економски центар на земјата. Азискиот дел на СССР продолжувал до Тихиот Океан на исток, до Иран и Авганистан на југ, и бил ретко населен за разлика од европскиот дел.
Советскиот Сојуз имал должина на својата граница од околу 60.000 километри (37000 mi). Таа била најдолга во светот. Земјата граничела со Северна Кореја, Народна Република Кина, Монголија, Авганистан, Иран и Турција во Азија, додека во Европа со Романија, Унгарија, Чехословачка, Полска, Финска и Норвешка. На источниот дел од земјата, Беринговиот проток ја делел земјата од САД (86 километери).
Најдолгата река во Советскиот Сојуз била Иртиш, која заедно со Об е најголемата река во светот со 5.410 км. Следни по големина реки се Лена во 4472 километри (2779 mi) и Амур, по должината на границата со Кина, 4444 километри (2761 mi). Највисока планина на Советскиот Сојуз била Исмаил Самани во Таџикистан на 7.495 метри. Втора највисока била Пик Победа во Киргистан на 7.439 метри. Во европскиот дел на СССР, Елбрус била највисоката планина во Европа, на 5.642 метри.
Во земјата се наоѓале и голем број на езера. Во СССР се наоѓало најголемото езеро во светот, Каспиското кое денес лежи на површина помеѓу Русија и северен Иран. Најголемата длабочина му е 1025 метри. Други големи езера биле Бајкалското Езеро, кое исто така е едно од најдлабоките во светот и Аралско Море.
Демографија
Советскиот Сојуз бил еден од земјите во кои живееле повеќе од 200 етнички групи во рамките на нејзините граници. Вкупниот број на население било проценето на околу 293.000.000 во 1991 година, како трета најнаселена држава по Кина и Индија во светот. Во земјата имало 23 градови со повеќе од еден милион жители. Главниот град Москва имал 9.000.000 жители, додека пак Ленинград (денес Санкт Петербург) бил вториот по големина со пет милиони. Меѓу другите поголеми градови биле Минск, Киев, Баку и Ташкент.
Етнички групи
Во последните години на Советскиот Сојуз, мнозинството од населението биле Руси (50,78%), по што следувале Украинци (15,45%) и Узбеци (5,84%). Други етнички групи биле Ерменци, Азери, Белоруси, Естонци, Грузијци, Казаци, Киргизи, Литванци, Молдавци, Таџици, и Туркмени, како и Апхазијци, Адигејци, Алеути, Асирци, Авари, Башкири, Бугари, Бурјати, Чеченци, Кинези, Чуваши, Козаци, Евенки, Финци, Гагаузи, Германци, Грци, Унгарци, Ингуши, Ескими, Евреи, Калмици, Каракалпаци, Карели, Кети, Корејци, Лезгини, Маријци, Монголци, Мордвини, Ненци, Осетијци, Полјаци, Роми, Романци, Тати, Татари, Туванци, Удмурти, Јакути, и други.
Главната причина поради големиот број на етнички групи во СССР се должел на интензивната мултинационална империја која била претходничка на земјата и која со овие простори владееле претходните четири века. Некои национални групи во империјата биле признаени, други пак биле основани со сила. Русите,Rulers and Victims: The Russians in the Soviet Union , History TodayБелорусите и Украинците биле најблиски во поглед на културните врски, додека пак генерално, другите етнички групи биле помалку порвзани со мнозинството и имале помала заедничка култура, религија и слично.
Во поглед на етничките групи кои живееле на овие простори и нивните односи и соживот, советските водачи тврдиле дека причините за можни конфликти помеѓу одредени етнички групи во земјата биле елиминирани и дека Советскиот Сојуз претставувал едно големо семејство на народите кои хармонично живеат заедно. Во 1920-тите и во почетокот на 1930-тите, владата спровела политика на коренизација на локалните власти, во обид да регрутира неруско население во новите советски политички институции и да се намали конфликтот помеѓу Русите и малцинските националисти.
Религија
Иако Советскиот Сојуз бил официјално секуларна земја, сепак го поддржувал атеизмот. Во земјата најголемиот дел од населението биле христијани и муслимани. Државата била одвоена од црквата. Две третини од советската популација, сепак, не била религиозна. Официјалните проценти околу бројот на религиозни верници до 1989 година не биле познати. Поголем дел од населението биле атеисти односно нерелигиозни, особено членовите на Комунистичката партија и другите владини позиции. Атеизмот бил во голема мера истакнат во училиштата, а државата во голем дел од случаите ги потиснувала религиозните водачи.
Христијаните припаѓале на различни цркви: Православие, кои биле најбројни, Католици и други протестантски деноминации. Црквата била на некој начин забранета во СССР. Самиот Ленин изјавил дека не постоело место за црквата во Болшевичкото општество. СССР била една од првите држави чија цел била елиминирање на религијата. За да ја постигне таа цел, комунистичкиот режим честопати конфискувал црковни имоти, го вовел атеизмот во училиштата, ги прогонувале верниците, свештениците биле испраќани по затворите и биле рушени многу цркви. Така, по пет години од револуцијата, 28 епископи и 1200 свештеници биле погубени. Во периодот од 1927 до 1940 година, бројот на православните цркви се намалил од 29.584 на 500, 130.000 свештеници биле уапсени од кој 95.000 убиени.
Во времето кога Третиот Рајх го нападнал СССР во 1941 година, Јосиф Сталин ја повикал Руската православна црква да ја подкрепи руската армија. Така, од завршувањето на војната до 1957 година, 22.000 руски православни црква биле повторно активирани. Никита Хрушчов ја започнал својата кампања против црквата, и околу 12.000 цркви биле затворени. Веќе во 1985 година, во СССР останале само околу 7.000 активни цркви. Многу од членовите на црквата биле во голема приврзаност со КГБ.
Јазик