Деменција (збор кој е преземен од латинскиот јазик што всушност значи "лудило", е составен од de - "без" + ment, коренот на mens "ум, разум") е сериозна загуба на способноста за осознавање на една претходно здрава личност, покрај она што може да се очекува од нормалното стареење. Деменцијата може да биде статична, да се појави како резултат на несекојдневна, целосна повреда на мозокот или прогресивна, која резултира од долготрајно влошување на здравствената состојба предизвикана од болест или повреда на телото. Иако деменцијата е многу популарна помеѓу геријатриските личности (личностите во длабока старост), може да се појави и пред 65тата година, и во тој случај се нарекува "почетна фаза на деменција".

Деменцијата не е единечна болест туку претставува неспецифичен синдром (т.е. збир на знаци и симптоми) во кој оштетените делови од осознавањето може да бидат меморијата, вниманието, јазикот и решавањето на проблеми. Најчесто, болеста треба да постои во телото најмалку 6 месеци за да може да се дијагностицира; проблемите со осознавањето кои многу ретко се забележуваат, најчесто се појавуваат на помалку од недела дена и се нарекуваат делириум. Кај сите видови на проблеми со осознавањето, најчесто, најпрви се погодени најбитните мозочни функции.

Особено во подоцнежната етапа од болеста, лицата кои боледуваат од деменција може да бидат дезориентирани во времето (да не знаат кој ден од неделата, ден од месецот или дури која година е), во местото (да не знаат каде се наоѓаат) и во личноста (да не знаат ништо за себе или луѓето околу нив). Иако понекогаш може да се излечи до одреден степен, причинителите на деменција се прогресивни и неизлечливи.

Симптомите на деменција може да бидат класифицирани како повратни или неповратни, во зависност од етиологијата на болеста. Помалку од 10% од случаите на деменција се предизвикани од причинители кои може да се излечат со терапија, но само на краток период. Последиците се манифестираат на најразлични начини и тоа: тешко дишење, жолтица или разни видови болки по целото тело.

Без внимателна проценка на историјата на болеста, краткотрајниот синдром на делириум (кој најчесто трае неколку дена или недели) многу лесно може да се помеша со деменција, бидејќи имаат многу заеднички симптоми, со исклучок на времетраењето. Некои мозочни болести, вклучувајќи ја и депресијата и психозата, предизвикуваат симптоми кои мора да бидат различни и од делириумот и од деменцијата.

Постојат многу видови (причини) на деменција, кои се манифестираат преку најразлични симптоми. Сепак, симптомите се толку слични што не е можно да се определи видот на деменција само преку симптоматологијата и само во мал број случаи симптомите се доволни за да се процени за кој одреден вид станува збор. За да се даде поточна дијагноза, се користат техники за скенирање на мозокот. За да се биде потполно сигурно за каква болест се работи, мора да се направи биопсија на мозокот дури пациентот е жив или аутопсија, по неговата смрт. Едни од најчестите видови на деменција се: Алцхајмерова болест, васкуларна деменција, деменција на предниот дел од слепоочницата, семантичка деменција и деменција со Луи тела. Се случува и еден пациент да покажува знаци на два или повеќе видови на деменција во исто време, бидејќи ниту еден од познатите видови на деменција не отскокнува од другите.

Историја

Кон крајот на XIX век, деменцијата претставувала многу поголем клинички поим, во кој влегува менталната болест и секаков вид на психосоцијална неспособност. Тогаш, под поимот деменција се подразбирало секоја личност која ја изгубила способноста да размислува, психоза од некоја ментална болест, "органски" болести како сифилис која може да го растрое мозокот и деменција поврзана со луѓето во длабока старост, предизвикана од артиосклероза.

Деменцијата која се појавува кај постарите луѓе се нарекува старечка сенилност или сенилност и се смета за нормален и неизбежен дел од стареењето, а не како болест предизвикана од некоја бактерија. Во исто време, во 1907 година, откриен е одреден органски процес на деменција во почетна фаза, наречен Алцхајмерова болест. Тоа било поврзано со одредени микроскопски промени во мозокот, но се сметала за ретка болест кај средовековните луѓе.

Како и многу други болести кои се поврзани со старењето, така и деменцијата била ретка болест пред дваесеттиот век (иако во никој случај не била непозната), бидејќи луѓето ретко живееле доволно долго за да ја доживеат.

Во периодот помеѓу 1913 – 1920 година, шизофренијата била дефинирана на ист начин како и денес, а терминот предвремена деменција (предвремено лудило) се користел за да се укаже на развојот на сенилната деменција кај помладата популација. Очигледно, двата термина се соединиле, за да до крајот на 1952 година лекарите почнале да го користат терминот "предвремена деменција" или шизофренија. Терминот “предвремена деменција” укажува на вид ментална болест како шизофренијата (вклучувајќи ја и паранојата и намалената можност за осознавање) која се очекува да се појави кај личности во подоцнежна фаза од животот. Тогаш, терминот деменција се користел за да се опишат шизофренијата и сенилната деменција, но околу 1920 година, терминот деменција добила поограничена дефиниција – опишува вид на трајно мозочно оштетување кое не може да се излечи. Тоа всушност претставува и почетокот на користење на овој вид дефиниција, онаа која нам ни е позната денес.

Во 1976 година, неврологот Роберт Кацман предложил врска помеѓу "сенилната деменција" и Алцхајмеровата болест. Кацман укажал на тоа дека сенилната деменцијата, која по дефиниција најчесто се појавува по 65тата година, патолошки е идентична со Алцхајмеровата болест која се појавува пред 65тата година и затоа не треба да се лекува на поинаков начин. Тој забележал дека "старечката деменција" не се сметала за болест, туку се сметала за дел од процесот на стареење. Тој исто така истакнал и дека Алцхајмеровата болест, која се појавува по 65тата година, е многу честа појава и претставува 4та или 5та водечка причина која доведува до смрт (иако, од 1976 година тоа ретко се наведува во посмртницата).

Ова доведе до размислувањето дека деменцијата не е "нормална" болест и мора да претставува резултат на некоја одредена болест и не е дел од процесот на стареење. Следната дебата води до периодот на "старечка деменција од видот на Алцхајмерова болест" кај луѓе над 65 годишна возраст, со "Алцхајмерова болест" дијагностицирана кај луѓе помлади од 65 години со иста патологија. На крај, сепак дошло до заклучок дека старосната граница е подместена и дека терминот Алцхајмерова болест е соодветен за луѓе со одредена мозочна патологија која постои во болеста, без оглед на годините на пациентот. Сепак, се заклучило дека иако стапката на појавување на Алцхајмерова болест се зголемува со годините (од 5-10% кај 75 годишни, до 40-50% кај 90 годишни), но не постои граница на години во кои болеста почнува да се развива, па не претставува неизбежна последица од страеењето, без разлика до колку години ќе живее еден човек.

Исто така, по 1952 година, мозочните болести како шизофренија била избришана од списокот на "органски мозочен синдром" и според тоа (по дефиниција) отстранета и од можните причинители на деменција. Во исто време, традиционалната причина за стречката деменција – артиосклерозата, претставувала збир од деменции предизвикани од васкуларни болести (мали удари). Овие биле наречени мулти-инфарктни деменции или васкуларни деменции.

Во XXI век, голем број на нови видови деменција почнале да се диференцираат од Алцхајмеровата болест и васкуларните деменции (овие две претставувале најчестите видови). Таа диференцијација била направена врз основа на патолошки истражувања на мозочните ткива, симптоматологијата и различни начини на мозочната метаболичка активност во SPECT (компјутеризирана томографија со емисија на слободен фотон) и PET (томографија со емисија на позитрон) скенирања на мозокот. Различните форми на деменција имаат различни прогнози (причинители на болеста) како и различни видови на епидемиолошки фактори на ризик. Причинителската етиологија на многу од нив, вклучувајќи ја и Алцхајмеровата болест, останува непозната, иако постојат многу теории како што е растењето на белковинските плочки како дел од нормалниот процес на стреење, воспаление, зголемено ниво на шеќер во крвта и повреди на мозокот.

Знаци и симптоми

Придружни состојби

Деменцијата не претставува проблем поврзана само со меморијата. Исто така, ја намалува способноста за учење, размислување, задржување на сеќавање или потсетување на некое искуство од минатото како и промена на начинот на размислување, чувствување и работење. Други ментални и проблеми со однесувањето многу често се одразуваат врз луѓето кои патат од деменција и може да влијаат врз квалитетот на животот, негувателите и институционализацијата. Како што се влошува состојбата на деменција, така некои поединци може да се запостават себеси и да се повлечат во себе и да не можат да се контролираат при вршењето на физиолошките потреби.

Депресијата влијае кај 20-30% од луѓето заболени со деменција и околу 20% имаат нервна растроеност. Психозата (многу често и халуцинации и манија) и вознемиреноста/агресијата често се составен дел од психозата. Секој од овие делови мора да биде проценет и да се лекува независно од деменцијата.

Ризик за себе и другите

Канадско научно списание објави дека е штетно луѓето заболени од деменција да бидат учесници во сообраќајот. Тие би можеле да предизвикаат сообраќајна несреќа во која би се повредиле самите себеси или луѓето околу нив, но исто така може дури и да дојде до смртен случај. Докторите треба да препорачуваат пациентите да одат на тестирање за да утврдат дали се способни да возат.

Во САД, има посебен закон кој дозволува примена на сила и судската власт ги тера оние кои смета дека можеби се заболени од деменција или некоја друга ментална болест да направат ментална проценка.

Во Велика Британија, како и кај сите други ментални растројства каде пациентот може да биде опасен за себе но и за другите, може да бидат притворени според Законот за ментално здравје донесен во 1983 година, сè со цел да се процени болеста, да се згрижи и лекува пациентот. Тоа претставува краен случај, но доколку пациентот има семејство или пријатели кои би можеле да се грижат за него, се избегнува неговата примена.

Во Велика Британија, Бирото за издавање на возачки дозволи, изјавува дека заболените од деменција кои слабо памтат, се дезориентирани или прават лоши проценки, со сигурност не се вклопуваат меѓу останатите возачи и поради тоа, Бирото мора да биде известено за ваквите случаи за да може да им ја одземе возачката. Сепак, тоа им дозволува на оние кои се во раната фаза на болеста да возат, но редовно да одат на контрола.

Тие може да се однесуваат нервозно или несоодветно и да бидат неорганизирани. Некои може да станат нервозни или да шетаат наоколу преку денот, но понекогаш и преку ноќта. Кога луѓето заболени од деменција се ставаат во ситуација која е надвор од нивните можности, може наеднаш да почнат да плачат или да станат гневни (ова е наречена "катастрофална реакција").

Причинители

Постојано когнитивно нарушување