мини|Хамса закачена во автомобил, Тунис Хамса (јазик арапски خمسة}}, -khomsah- — пет) е блискоисточна амајлија во облик на човечка дланка. Освен на Блискиот Исток, популарна е и во северна Африка, каде обично се употребува како накит или се закачува на ѕид. Бидејќи претставува отворена дланка, ова амајлија е користена во многу семитски народи како заштита од Урокливо око.

Во аврамските религии хамса има посебни имиња, муслиманите ја нарекуваат Фатимина (според ќерката на Мухамед, Фатима Захри), евреите Мирјамина, а христијаните Мариина рака (според мајката на Исус). Името на арапски јазик значи пет, бидејќи раката на амајлијата има пет прсти — волшебен број за старите Семити. Петопрстата рака води потекло од Месопотамија. Овој симбол е присутен на артефактите посветени на асирско-вавилонските божици Иштар и Инани како општ знак за заштита. Кај турските народи иста намена има солзоликата амајлија назар, додека кај христијаните приближен еквивалент е крстот, ланче со симбол на оваа вероисповед.

Извори

надворешни врски

Литература

Категорија:Амајлии Категорија:Арапски зборови