Царинска управа на Република Македонија - државен орган задолжен за спроведување на царинската постапка и за контрола на царинското работење во Република Македонија.

Надлежности Основни надлежности на Царинската управа се: Спроведување на царински надзор, царинење на стока, царинска контрола, спроведување на акцизен надзор на целата територија на Република Македонија, истражни и разузнавачки мерки со цел спречување, откривање и истражување на царински прекршоци и кривични дела; Заштита на сигурноста и безбедноста на луѓето, животните и растенијата, заштита на предмети со историска, уметничка и археолошка вредност, авторски и други права, како и други мерки на трговската политика пропишани со закон; Спроведување на царински контроли по царинењето; Спроведување на внатрешни контроли и ревизии во сите сфери на царинското работење и целокупното функционирање на Царинската управа, со цел откривање на случаи на непочитување на законите и интерните акти и злоупотреби при вршењето на службените должности од страна на вработените; Водење на прекршочна постапка, изрекување на прекршочна санкција за сторен царински, акцизен и девизен прекршок, како и поведување на постапка по кривични дела утврдени со закон.

Наводи

Категорија:Државни установи во Република Македонија