Гро Харлем Брунтланд (родена Гро Харлем, 20 април 1939) е норвешки политичар и поранешен премиер на Норвешка (1981, 1986-89 и 1990-96) и поранешен Генерален директор на Светската здравствена организација од 1998 до 2003 година. Таа е исто така позната по тоа што претседаваше со Брунтландската комисија која го презентираше Брунтландскиот извештај за одржлив развој.
Образована како лекар, Брунтланд се приклучи на Лабуристичката партија и влезе во владата во 1974 година како министер за животната средина. Таа стана првиот женски премиер на Норвешка на 4 февруари 1981 година, но даде оставка на 14 октомври 1981; таа се врати како премиер на 9 мај 1986 година и служела до 16 октомври 1989 година. Таа конечно се врати за нејзиниот трет мандат на 3 ноември 1990 година. Од 1981 до 1992 година таа беше водач на Лабуристичката партија. По нејзината неочекувана оставка во 1996 година, таа стана меѓународен водач за одржливиот развој и јавното здравство и служела како Генерален директор на Светската здравствена организација и како Специјален пратеник за климатските промени на ОН од 2007 до 2010 година. Таа исто така е и заменик претседател на Старешините и поранешен заменик претседател на Социјалистичката интернационала.
Брунтланд припаѓала на умереното крило на нејзината партија и го поддржувала норвешкото членство во Европската Унија во текот на референдумот во 1994 година. Како премиер, Брунтланд стана широко позната како "мајка на нацијата."Gro Harlem Brundtland Брунтланд ја доби наградата Карло Велики во 1994 година како и многу други признанија и награди.
Наводи
Дополнителна литература Wilsford, David, ed. Political leaders of contemporary Western Europe: a biographical dictionary (Greenwood, 1995) pp 49–56.
Brundtland, Gro Harlem (2002) "Madam Prime Minister: A Life in Power and Politics". New York: Farrar, Straus and Giroux, , primary source
Надворешни врски
Категорија:Родени во 1939 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Функционери на ООН Категорија:Членови на Норвешката академија на науките Категорија:Членови на Американското филозофско друштво