Константин Поповиќ – Коча (Белград, 14 март 1908 — Белград, 20 октомври 1992) — српски и југословенски комунист, филозоф, поет, надреалист, учесник на Шпанската граѓанска војна, Априлската војна и Народноослободителната борба, општествено-политички работник во СФРЈ, генерал-полковник на ЈНА, јунак на социјалистичката војна и народен херој на Југославија. Во периодот од 1948 до 1953 година ја извршувал функцијата началник на Генералштабот на ЈНА, од 1953 до 1965 година функцијата Сојузен секретар за надворешни работи на СФРЈ, a од 1966 до 1967 година функцијата Потпретседател на СФРЈ. Еден е основачите на ФК Партизан од Белград.
Животопис
Роден е на 14 март 1908 година во Белград, од таткото Александар, богат индрустријалец, и мајката Ружа, родена Здравковиќ. Неговиот дедо бил генерал на Кралството Србија и академик Стеван Здравковиќ. Како дете едно време со своето семејство живеел во Швајцарија, заради што прво научил француски, па потоа српски јазик. Гимназија завршил во Белград, а потоа отишол на отслужување на воениот рок. После завршетокот на служењето војска повторно заминал во Швајцарија, па потоа во Франција, каде на париската Сорбона студирал чиста филозофија и допломирал во 1932 година. Таму се приклучил на надреалистичките кругови.
Од својата рана младост усвоил марксистички поглед на светот и пружал поддршка на работничкото движење, иако потекнувал од богато буржоаско семејство во војска. Заради тоа бил погонуван од страна на монархистичкиот режим. Инаку, генералот Коча Поповиќ завршил училиште на резервни артилериски офицери на Војската на Кралството Југославија во Сараево 1927 година, а истата година даден му бил чин на резервен артилериски потпоручник. Во Комунистичката партија на Југославија примен бил во 1933 година, после што бил уапсен.
Надворешни врски Тихомир Понош „Од белешките на Коча Поповиќ“, „Независен“. Константин Коча Поповиќ документарен филм на Јутјуб Биографија на Коча Поповиќ
Категорија:Народни херои на Југославија Категорија:Учесници во Шпанската граѓанска војна Категорија:Јунаци на социјалистичкиот труд Категорија:Југословенски партизани Категорија:Луѓе од Белград Категорија:Српски писатели Категорија:Апсолвенти на Белградскиот универзитет Категорија:Делегати на АВНОЈ Категорија:Родени во 1908 година Категорија:Починати во 1992 година Категорија:Носители на Орденот на Суворов од I степен Категорија:Носители на Орденот на Суворов од II степен Категорија:Погребани во Алејата на заслужните граѓани на Новите гробишта (Белград)