Грофицата од Хонгконг (англиски: A Countess from Hong Kong) - американски филм од 1976 година, во режија на Чарли Чаплин, кој е автор и на сценариото. Главните улоги ги толкуваат: Марлон Брандо, Софија Лорен, Сидни Чаплин и Типи Хедрен. Ова е последниот филм на Чарли Чаплин и, истовремено, неговиот прв филм во боја. Притоа, во филмот глуми и синот на Чарли Чаплин, Сидни, а се појавува и неговата ќерка, Џералдин Чаплин.HRT (пристапено на 15.3.2018)
Содржина На една забава во Хонгконг, американскиот политичар Огден Меарс (го игра Брандо) ја запознава осиромашената руска грофица Наташа (ја игра Лорен), која заработува за живот како дама за придружба. Утредента, тој патува со брод до Хаваите и во ормарот ја пронаоѓа скриената Наташа. Најпрвин, тој сака да ја пријави, но таа му објаснува дека сака да си ја проба среќата во САД. Така почнува долгата игра на криење и преслекување, со цел да се прикрие идентитетот на слепиот патник. Проблемите се зголемуваат кога Огден и Наташа меѓусебно се вљубуваат, но него го чека сопругата на Хаваите...
Наводи
Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови од 1976 година Категорија:Филмски комедии Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на Чарли Чаплин Категорија:Филмови со Марлон Брандо Категорија:Филмови со Софија Лорен Категорија:Филмови од 1967 година