Фросина Пармаковска — македонска писателка. Животопис Фросина Пармаковска е родена во Скопје, 1985 година. Дипломирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, на Катедрата за Општа и компаративна книжевност. Магистрирала на Институт за македонска книжевност, на тема „Варијации на магичниот реализам во светскиот и македонскиот роман“. Таа стана член на ДПМ во 2018 година.Лектира.мк http://lektira.mk/avtor/frosina-parmakovska/

Творештво Покрај раскази објавувани во книжевни списанија, Пармаковска ги објавила и следниве романи:

„Сè уште можам нешто да сторам“, роман (Или-Или, 2023 г.) „На враќање“, роман (Или-Или, 2020 г.) „Одбројување“, роман (Или-Или, 2017 г.) „Вишнова хроника“, роман (Или-Или, 2014 г.) - преведен е на бугарски и украински јазик „Пишувајќи ги изгубените топки“, роман (Култура, 2013 г.)

Награди 2017 - Роман на годината, за романот „Одбројување“. Претходно, во 2014 година, нејзиниот роман „Вишнова хроника“ влезе во финале за истата награда

2024 - Награда „Рациново признание“, за романот „Сѐ уште можам нешто да сторам“ 2025 - Награда „Пегаз“, за најдобар необјавен роман на годината во Македонија, за романот „Кривата Дијана“

Наводи

Надворешни врски Фросина Пармаковска: Отсекогаш сакав да напишам магично-реалистичен роман Излезе од печат новиот роман на Фросина Пармаковска Фросина Пармаковска Интервју со Фросина Пармаковска

Категорија:Родени во 1985 година Категорија:Луѓе од Скопје Категорија:Македонски романописци Категорија:Македонски раскажувачи Категорија:Членови на ДПМ Категорија:Апсолвенти на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје Категорија:Добитници на наградата „Рациново признание“