Вилијан Борхес да Силва (роден на 9 август 1988, во Рибеирао Пирес) попознат само како Вилијан — бразилски фудбалер, играч од средниот ред на Фулам и на бразилската репрезентација.
Технички одлики Брз, агилен, вреден и технички надарен играч, познат по своите брзи нозе, забрзување и експлозивен стил на игра, што му овозможува да ги предрибла противничките играчи со брзина и да држи блиска контрола над топката; во типичен бразилски стил, тој, исто така, често знае да користи финте и трикови, како што е флип флап, со цел да ги збуни и изненади дефамзивците. Најмногу му одговараат позициите крило и офанзивен играч од средниот ред, каде неговата висока издржливост, визија и креативност му овозможува да ја поврзува играта помеѓу поповлечените играчи од средниот ред и напаѓачите, и да создадава шанси за гол. Исто така е солиден изведувач на слободни удари.
Клупска кариера Коринтијанс Вилијан ја започнал својата кариера во младинскиот сектор на Коринтијанс, на кој му се приклучил во 1998 година на возраст од 9 години.
Во 2007 година, откако поминал низ сите младински категории на клубот, Вилијан започнал редовно да игра за првиот тим на Коринтијанс, каде што го носел дресот со број 10. Тој направил пет настапи во лигата за време на неговата првата сезона со сениорите, во која Коринтијанс завршил на средината на табелата. Тој го направил својот пробив со Коринтијанс во текот на следната сезона, кога настапувајќи во 11 лигашки натпревари, тој постигнал два гола, и направил вкупно 29 настапи во сите натпреварувања за клубот, но бидејќи Коринтијанс завршил на 17-тото место во Серија А биле соочени со испаѓање од лигата.
Шахтар Донецк
На 23 август 2007 година, Вилијан потпишал петгодишен договор со Шахтар Донецк за трансфер сума од 14 милиони евра. Своето деби за украинскиот клуб го направил на 15 септември во првенствената победа со 2–1 над Чорноморец Одеса, влегувајќи како замена од клупата за резерви на местото на сонародникот Жадсон во 57-мата минута. Својот прв гол за клубот го постигнал на 31 октомври во победата со 4-1 над Арсенал Киев во Купот на Украина. На 6 ноември, Вилијан го направил своето деби во Лигата на шампионите во поразот со 3-0 од италијанскиот Милан во групната фаза од сезоната 2007-2008, заменувајќи го Разван Рац во 73-тата минута. Својата прва сезона во клубот ја завршил со вкупно 28 настапи, од кои 20 биле во лигата и 1 гол. Тој му помогнал на Шахтар да направи украински дабл освојувајќи ги Премиер лигата и Купот на Украина.
Анжи Махачкала На 31 јануари 2013 година, Вилијан се преселил во Анжи Махачкала за сума околу 35 милиони евра. Тој првично одлучил да го носи дресот со број 10, но поради ограничувањата на УЕФА во кои се наведува дека еден играч мора да носи број што се користел во Лигата на шампионите до крајот на сезоната, тој бил принуден да го носи бројот 88 што го избрал во Шахтар. Дебито на Вилијан за Анжи не било најдобро откако тој претрпел повреда во натпреварот против Њукасл Јунајтед од Лигата на Европа. Тој го постигнал својот прв и единствен гол за Анжи на 14 април 2013 година во победата со 3-0 против Волга Нижњи Новгород.
Во август 2013 година, по реструктуирањето на бизнис ниво, Анжи одлучил да го стави на трансфер листата целиот свој состав, вклучувајќи го и неодамнешното засилување Вилијан.
Челси На 25 август 2013 година, англискиот Челси се согласил да плати 30 милиони фунти за да го доведе во својте редови Вилијан. Три дена подоцна на бразилецот му била одобрена работната дозвола и трансферот бил официјално комплетиран. Иако регулативите обично наведуваат дека играчите кои не се членки на ЕУ мора да бидат редовни репрезентативци, Вилијан добил работна дозвола и покрај тоа што имал само два настапи во тоа време, бидејќи комисијата на ФА сметала дека доколку тој не е Бразилец, тој би бил редовен. Вилијан потпишал петгодишен договор со Сините и одбрал да го носи дресот со број 22.
Вилијан дебитирал на 18 септември против Базел во Лигата на шампионите во поразот на домашен терен со 1-2.
Репрезентативна кариера
Вилијан најпрво је претставувал својата земја во селекцијата под 20 години, за која дебитирал на Јужноамериканското младинско првенство 2007 против Чиле на 7 јануари 2007 кој завршил со победа на неговата репрезентација. Во 2007 година, тој исто така бил избран во составот на Бразил за Светското првенство за играчи под 20 години, каде бразилците биле елиминирани во четвртфиналето од Шпанија.
На 10 ноември 2011, Вилијан го направил своето сениорско деби за Бразил во пријателски натпревар против Габон. На 16 ноември 2013, тој го постигнал својот прв репрезентативен погодок во победата со 5–0 над Хондурас во Мајами, Флорида.
На 7 мај 2014, Вилијан бил избран помеѓу 23-цата играчи во составот на Бразил за Светското првенство 2014.World Cup 2014: Kaka and Robinho omitted from Brazil squad; BBC Sport, 7 May 2014 Вилијан влегол во игра на паузата помеѓу двете продолженија во натпреварот од осминафиналето против Чиле во Бело Хоризонте на местото на неговиот соиграч од Челси Оскар, и бил еден од изведувачите на пенали но неговиот удар од белата точка не завршил во мрежата, иако сепак Бразил продолжил понатаму.
Вилијан учествувал и на Копа Америка 2015. Тој бил асистент за голот кој го постигнал Роберто Фирмино благодарение на кои Бразил ја победиле Венецуела со 2–1 во Сантјаго, резултат кој ги одвел во четвртфиналето како победници во својата група.
Титули Клупски Шахтар Донецк Премиер лига на Украина (4) : 2007–2008, 2009–2010, 2010–2011, 2011–2012 Куп на Украина (3) : 2007–2008, 2010–2011, 2011–2012 Суперкуп на Украина (3) : 2008, 2010, 2012 Куп на УЕФА (1) : 2008-2009
Челси Премиер лига (2) : 2014–2015, 2016–2017 Лига куп (1) : 2014-2015
Наводи
Надворешни врски
Вилијан на soccerway Вилијан на transfermakt Вилијан на whoscored Вилијан на espn Вилијан на tuttocalciatori
Категорија:Живи луѓе Категорија:Бразилски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Коринтијанс Категорија:Фудбалери на ФК Шахтар Донецк Категорија:Фудбалери на ФК Челзи Категорија:Фудбалери на ФК Арсенал Категорија:Фудбалери на ФК Фулам Категорија:Родени во 1988 година