Македонска чуваркуќа (науч. Sempervivum macedonicum) — македонски флористички еднедмит од родот Sempervivum и семејството дебелци (Crassulaceae). Расте исклучиво на планината Јакупица.
Опис и распространетост Македонска чуваркуќа е повеќегодишно тревесто растение со розета од месести листови и тенки столони долги 4–7 см. Розетата има дијаметар од 3–5 см. Цветното стебло е високо 7–10 cm, покриено со густи жлездести влакна и со листови што се преклопуваат. Листовите во розетата се широко обратно-јајцевидни до копјести, долги 15–20 мм и широки 5–7 мм, со кратко заострен врв; зелени, а често со пурпурно-црвен врв, обраснати со густи жлездести влакна од двете страни, а по рабовите влакната се значително подолги; стеблените листови се потесни, подолги и постепено заострени кон врвот, со подолги жлездести влакна. Цветовите се составени од 11–12 делови, речиси приседнати, собрани во кратки цимозни гранчиња што создаваат компактно соцветие налик на штит. Ливчињата на чашката се зелени, копјести, долги 3–4 мм, со густа обвивка од жлездести влакна и остар врв. Венечните листови се долги 7–8 мм, тесно копјести, со постепено заострен врв, розови до виолетово-црвени, а од задната страна и по рабовите покриени со густи жлездести влакна. Прашниците се долги 5–6 мм; филаментите се розови до темновиолетови, во основата без влакна или со ретки, а антерите се темновиолетови. Мешунчињата (плодовите) се долги 4–5 мм, зеленикави, однадвор голи, а однатре со ретки жлездести влакна; столпчињата се околу 2 мм и темновиолетови.
Расте на варовнички каменливи терени. Се среќава единствено на планината Јакупица, во пределот Пепелак. Галерија
Наводи
Категорија:Чуваркуќи Категорија:Флора на Македонија Категорија:Стогово Категорија:Чуваркуќа (род)