Европската обединета левица - Нордиска зелена левица (ЕОЛ-НЗЛ) е политичка група во Европскиот Парламент составена од социјалистичките и комунистичките партии. Од 2005 година има 41 пратеник.
Составена е од две подгрупи, Европската обединета левица (која е составена од јадро на партии кои се членки на Партијата на европската левица и од останати неповрзани левичарски партии) и од Нордиската зелената левица која е составена од партиите припаднички на Сојузот на нордиската зелената левица од Шведска и Финска.
Историја
Корените на ЕОЛ-НЗЛ се од 1989 година, кога Италијанската комунистичка партија, Шпанската обединета левица, Социјалистичката народна партија од Данска и Синаспизмос од Грција основаа група наречена Европска обединета левица. Италијанската партија, по промената на партиската идеологија од еврокомунизам во социјалдемократија, ја напушти групата и се приклучи кон Партијата на европските социјалисти.
Кратко време потоа, групата се проширува со други партии и се формира како политичка група на почетокот на четвртиот мандат на Европскиот Парламент во 1994 година под името Конфедерална група на Обединетата европска левица. Во тоа време групата ја сочинуваат: Шпанската обединета левица, Француската комунистичка партија, Партијата на обновените комунисти од Италија, Португалската комунистичка партија, Комунистичката партија на Грција и Синаспизмос.
Партии членки
Во моментот партии членки на ЕОЛ-НЗЛ се:
Прогресивна партија на работниот народ (Кипар) Комунистичка партија на Чешка и Моравија (Чешка) Левичарски сојуз (Финска) Француска комунистичка партија (Франција) Левичарска партија (Германија) Синаспизмос (Грција) Комунистичка партија на Грција (Грција) Шин Фејн (Ирска и Британија) Партија на обновените комунисти (Италија) Партија на италијанските комунисти (Италија) Социјалистичка партија (Холандија) Португалска комунистичка партија (Португалија) Комунистичка партија на Словачка (Словачка) Обединета левица (Шпанија) Левичарска партија (Шведска)
Асоцијативни партии се: Левичарски блок (Португалија) Левица (Луксембург) Партија на социјалистичкиот сојуз (Романија) Народно движење против ЕУ (Данска)
Асоцијативни партии членки на ЕОЛ-НЗЛ се и две партии од земји кои не се членки на ЕУ. Тоа се: Социјалистичка левичарска партија (Норвешка) Швајцарска партија на трудот (Швајцарија)
Надворешни врски Официјална страница на ЕОЛ-НЗЛ
Категорија:Партиски групи во Европскиот Парламент Категорија:Левичарски партии