Леверкузен () — град во покраината Северна Рајна-Вестфалија, Германија, на источниот брег на реката Рајна. На југ се граничи со Келн, а на север со главниот град на покраината - Диселдорф. Со над 163.000 жители, Леверкузен е еден од помалите градови во Германија. Познат е по фармацевтскиот гигант „Бајер“ (Bayer) и ФК Бајер Леверкузен.

Историја Денешниот град на Леверкузен всушност е селото Виздорф кое датира од XII век. Подрачјето се смета за рурално сè до 19 век, кога индустриски се развива создавајќи се една од најголемите фармацевтски гиганти во светот.

Во 1975 година, Опладен, Хитдорф и Бершки Нојкирхен беа припоени кон Леверкузен. Денешниот град се состои од седум села, претходно наречени Виздорф, Опладен, Шлебуш, Бириг, Манфорт, Хитдорф, Кетинген, Литценкирхен, Штајнбухел, Рајндорф и Бершки Нојкирхен.

Население Населението на градот надминува 163.000. Најбројни групи на странски државјани Националност Број (2018) 3.776 2.382 2.159 1.9561.2541.015останати: 12,096

Географија

+ Околија Население(2013) Површина(км2) Виздорф 18.174 9,86 Рајндорф 15.900 6,25 Хитдорф 7.654 Бершки Нојкирхен 6.721 7,96 Бириг 6.492 Киперштег 9.184 Кетинген 12.914 Луценкирхен 10.915 4,17 Шлебуш 26.149 10,31

Наводи

Категорија:Безокружни градови во Северна Рајна-Вестфалија Категорија:Населени места основани во 1930 година