Оваа статија се однесува на Општина Бач. За истоименото село, видете Бач.

Општина Бач, именувана и како Месен народен одбор Бач — поранешна општина во Јужна Македонија, која постоела во периодот 1945-1955 и 1996-2005 година. Општината престанала да постои согласно Законот за територијална поделба од 2004 година на 12 април 2005 година, кога била припоена на Општина Новаци. Локалното и поширокото население не било задоволно од ова припојување. Центар на општината било селото Бач.

Историја

1945-1952 Месниот народен одбор Бач бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Битолската Околија, Битолски Округ, а во него спаѓале населените места Бач и Гермијан.

1952-1955 Согласно административната поделба од 1952 година, Месен народен одбор Бач бил преименуван во Општина Бач, а територијално општината се проширила со селата Брод, Велесело, Гнилеж, Добровени, Живојно, Полог, Скочивир, Сливница и Совиќ. Согласно административната поделба од 1955 година, Општина Бач била укината и нејзината општинска територија била поделена помеѓу Општина Новаци и новосоздадената Општина Бистрица.

1996-2004 Согласно општинската поделба од 1996 година, Општина Бач била обновена на сметка на намалената Општина Битола. Нејзини населени места биле Бач, Брод, Велесело, Гермијан, Добровени, Живојно, Полог, Скочивир, Сливница и Сович. Според административната поделба од 2004 година, Општина Бач била повторно укината на сметка на проширената Општина Новаци.

Населени места Во Општина Бач спаѓале следниве села: Бач, Брод, Велесело, Гермијан, Добровени, Живојно, Полог, Скочивир, Сливница и Сович. Селото Гнилеж било дел од општината во периодот од 1952 до 1955 година.

Население

Според пописот од 1953 година, во Општина Бач живееле 4.863 жители. Според пописот од 2002 година, последниот кога постоела општина, во општината живееле 755 жители. +Година194819532002Населено местожителидомаќинстважителижителиБач651113673172Брод—11779957Велесело—141174Гермијан601103601257Гнилеш—20170—Добровени—6033818Живојно—148942214Полог—161140Скочивир—7344930Сливица—322323Совиќ—534280Вкупно1.2527494.863755

Возраст и пол +ПолВкупноВкупно население по возраст (1953)Popis stanovništva 1953. Knjiga 11, Starost, pismenost i narodnost. Podaci za opštine prema upravnoj podeli u 1953 godini. Beograd : Savezni zavod za statistiku, 19600-45-910-1415-1920-2425-2930-3435-3940-4445-4950-5455-5960-64над 65непознатовк.4.8638635694914724583953251452282081711471202701м.2.47545329122423823718514270123123887359169 —ж.2.3884102782672342212101837510585837461101— Наводи

Поврзано

Општини во Македонија Општина Битола Бач

Бач Бач Бач