мини|лево|Мажјак Четирирога антилопа (Tetracerus quadricornis) е мала антилопа што живее во Индија и Непал.
Мажјакот на четирирогата антилопа има два пара рогови, што претставува единствен случај кај шупливорогите преживари. Предните рогови, долги од 3 до 4 см се за половина пократки од задните. Малку се занае за навиките на оваа плашлива и брза антилопа. Таа пасе трева, шавар и други растенија на шумските ритчиња, а тоа главно во близина на вода. Испушта тивки свирежи или лае кога предупредува на опасност. Кафеава е и има темна пруга на предната страна од секоја нога, а муцката и ушите и се црни.
Наводи
Категорија:Говеда Категорија:Цицачи на Индија Категорија:Цицачи на Непал