Адријан Рабио (роден на 3 април 1995 година, во Сен Морис) — француски фудбалер, на и на француската репрезентација.
Најголемиот дел од својата кариера Рабио го поминал во , клуб во кој преку младинските категории дебитирал за првиот тим во 2012 година и со кој освоил 18 трофеи, вклучувајќи пет титули во Лига 1 и две домашни тројни круни во сезоните 2015-2016 и 2017-2018. Во летото 2019, како слободен играч потпишал договор со Јувентус. Во петте години поминати во Италија, тој ја освоил титулата во Серија А во неговата прва сезона и уште два Купа на Италија (2020-2021 и 2024). Во септември 2024, потпишал за Олимпик Марсеј.
Рабио ја претставувал Франција во речиси сите младински репрезентации, а своето деби за сениорската репрезентација го имал во 2016 година. Досега има 48 настапи за Франција, а земјата ја претставувал на Европското првенство 2020, Светско првенство 2022 и Европското првенство 2024.
Биографија Адријан е син на Вероник Рабио и Мишел Провост. Неговиот татко останал парализиран поради заклучен синдром по мозочниот удар кој го имал во 2007 година, а починал на 27 јануари 2019 година. Тој го зел презимето на неговата мајка.
Технички карактеристики Левоног box-to-box играч од средниот ред, опремен со солдни физички предиспозиции, во комбинација со изненадувачка брзина во движењата со топката во нозете. Рабио е играч кој може да игра на сите позиции во средниот ред, иако најчесто се користи како "тркач" или офанзивен играч за врска, меѓутоа благодарение на неговата фигура и физички предиспозиции може да игра и како играч од средниот ред со дефанзивни задачи.
Меѓу неговите најголеми играчки квалитети се одличната способност да се отвора со и без топка, знае да игра на мал простор покажувајќи добар дриблинг и техника, самопожртвуваност за враќање на топката во посед и исто така често знае да се уфрла од втор план и да ги завршува акциите на својата екипа.
Клупска кариера Рани години Адријан Рабио е роден во Сен Морис. Како дете тој играл фудбал во младинските категории на неколку клубови, почнувајќи од 2001 година кога започнал во Кретеј. Потоа играл во Алфортвил во 2003 година пред да се врати во Кретеј следната година. Во 2008 година, присуствувал на позната француска фудбалска академија Клерфонтејн, каде присутните експерти сметале дека неговиот профил е многу интересен. На возраст од 13 години тој потпишал за Манчестер Сити, но англискиот клуб не ги почитувал некои договори со Рабио и по 6 месеци во странство, тој се вратил во Франција во екипата на По. Потоа, во мај 2010, тој се приклучил на тренинг центарот на .
Париз Сен Жермен Младински категории (2010-2012) Рабио му се приклучил на Париз Сен Жермен на возраст од 15 години. Брзо по доаѓањето тој се покажал како еден од најталентираните играчи во младинските селекции на клубот, станувајќи шампион на Франција во првенството под 17 години во 2011. Во март 2012 година, тренерот на првиот тим на парижаните Карло Анчелоти побарал од тренерот на резервниот тим Бертран Рузо да му испрати некои млади талентирани играчи да тренираат со професионалците. Токму Рабио бил еден од овие играчи и бил забележан од италијанскиот тренер. Тој за првпат тренирал со играчите од првиот тим на 7 март 2012, на возраст од 16 години. Откако оставил силен впечаток врз Анчелоти, Рабио бил повикан во групата играчи за натпреварот против Сошо на 22 април 2012.
Дебитантската сезона (2012-2013) На 2 јули 2012 го потпишал првиот професионален договор со клубот согласувајќи се на верност од три години. Веднаш потоа учествувал на подготвителната турнеја на Париз Сен Жермен низ САД.« Рабио, изненадувањето на Анчелоти », Le 10 Sport, 5 август 2012.
Своето деби за првиот тим во официјален натпревар, Рабио го имал на 26 август 2012 во ремито без голови 0-0 против Бордо во Лига 1, играјќи од почетокот во средниот ред заедно со Блез Матуиди и Тијаго Мота. Тој играл до 61-вата минута кога бил заменет од Жереми Менез и имал 94% точни додавања.« Рабио, париско откровение! » , football.fr, 28 август 2012..
На 6 ноември 2012, Рабио го направил своето деби во Лигата на шампионите, влегувајќи во игра како замена во судиското продолжение во победата со 4-0 на домашен терен над Динамо Загреб. Со тоа, на возраст од 17 години и 7 месеци, тој станал најмладиот играч на Париз Сен Жермен што заиграл во Лигата на шампионите, надминувајќи го рекордот од 18 години и 11 месеци што претходно го држел Микел Артета.
Откако во првиот дел од сезоната одиграл 9 натпревари за Париз Сен Жермен во сите натпреварувања, во јануари 2013 парижаните се согласиле да го позајмат играчот на Тулуза (клуб исто така од Лига 1) за вториот дел од сезоната со цел да пронајде повеќе време за игра во континуитет. Тулуза во него пронашол замена за Муса Сисоко, кој го напуштил клубот во истиот трансферен прозорец. Дебитирал за Тулуза на 10 февруари 2013, во поразот со 2-0 на гостувањето кај Рен. Својот прв гол како професионалец го постигнал на 9 март 2013 година, што бил и единствен во натпреварот против Брест со кој Тулуза победил со 1-0. Голот дошол со прекрасен удар со левата нога од преку 20 метри со кој погодил во далечниот агол.Magnifique premier but Ligue 1 RABIOT (45') - Stade Brestois 29 - Toulouse FC (0-1) / 2012-13 (video) youtube.com
2013-2016 thumb|right|Рабио во двобој со Матје Досеви од Валенсиен во септември 2013
Во летото 2013, Рабио се вратил во Париз. Првиот настап за сезоната го имал на 9 август 2013, во ремито 1-1 на гостувањето кај Монпелје во првото коло од Лига 1 2013-2014, заменувајќи го Лукас Моура во последните 10 минути од натпреварот. На 31 август, го постигнал својот прв гол во дресот на ПСЖ во победата со 2-0 против Генгамп. Под водството на тренерот Лоран Блан, тој добивал повеќе време за играње а се почесто се наоѓал и во почетната постава, особено за време на периодот кога Тијаго Мота бил повреден. На 19 април 2014, Париз Сен Жермен го освоил Лига купот на Франција совладувајќи го Лион во финалето со 2-1, што бил првиот трофеј за Рабио во кариерата иако тој останал на клупата во финалето како неискористена замена.Финале на Лига купот на Франција: Париз Сен Жермен - Лион 2-1 www.transfermarkt.com На 7 мај истата година, тој го освоил својот втор трофеј со клубот откако ПСЖ станал шампион во Лига 1, и покрај поразот со 1-2 од Рен на Паркот на принцовите. На 17 мај, тој го постигнал последниот гол за сезоната на неговиот клуб во победата со 4-0 над Монпелје. Сезоната ја завршил со 34 настапи и 3 гола во сите натпреварувања.
На почетокот на сезоната 2014-2015, клубот го обвинил Рабио за прекинат трансфер во Рома како и за желбата да не го продолжи договорот.Rabiot sanctionné pour l'exemple Рабио подоцна изјавил дека не знае што се случило со неговиот трансфер во Рома и зошто тој пропаднал потенцирајќи дека се било договорено и дека тој веќе донел одлука да го носи нивниот дрес.Rabiot: I have no idea why Roma move collapsed goal.com Откако сепак се согласил да го продолжи договорот до 2019,Adrien Rabiot prolonge jusqu'en 2019 тој се вратил во составот на ПСЖ во ноември. Својот прв настап за сезоната го имал на 21 ноември 2014, играјќи како стартер на гостувањето кај Мец во 14-тото коло од Лига 1 (победа 2-3). На 10 јануари 2015 година, тој го постигнал првиот гол за сезоната во поразот од Бастија (4-2). На 21 февруари 2015 година, за првпат во кариерата постигнал два гола на еден натпревар во победата со 3-1 над неговиот поранешен клуб Тулуза. Рабио ја завршил сезоната со 33 настапи и 4 гола во сите натпреварувања и освоил два трофеи во текот на оваа сезона: Лига купот на Франција и француското првенство. Парискиот клуб уживал во извонредна сезона во која покрај овие две титули триумфирал и во Суперкупот на Франција и Купот на Франција, со што биле освоени сите домашни трофеи во сезоната, меѓутоа Рабио не добил медали од овие натпреварувања затоа што не учествувал поради тоа што бил казнет од страна на клубот. thumb|left|Рабио во бел дрес против Челси во Лигата на шампионите.
Сезоната 2015-2016 за Рабио започнала со освојувањето на Суперкупот на Франција, каде го одиграл целиот натпревар во победата над Лион со 2-0. Сепак, само седум дена подоцна во првото коло од новото првенство против Лил тој бил исклучен во 29-тата минута, откако добил два жолти картони во период од само 6 минути.. На 25 ноември 2015 година, Рабио го постигнал својот прв гол во Лигата на шампионите против Малме во победата со 5-0 во Шведска. Рабио одиграл вкупно 42 натпревари и постигнал 6 гола во сите натпреварувања во сезоната 2015-2016, помагајќи му на Париз Сен Жермен да ги одбрани сите четири домашни титули кој ги освоиле во претходната сезона.
2016-2019 За време на сезоната 2016-2017, Рабио станал важен член на почетната постава на парискиот клуб предводен од шпанскиот тренер Унаи Емери., Eurosport.fr, 23 септември 2016. Тој ги започнал повеќето натпревари постигнувајќи еден гол (против Рен) до ноември 2016, кога се здобил со повреда на бедрото за време на натпревар кој го играл за репрезентацијата против Брегот на Слоновата Коска.Adrien Rabiot, touché à une cuisse avec les Bleus, ne pense pas pouvoir jouer à Arsenal Повредата го оддалечила од терените околу месец дена, а своето враќање го направил на 7 јануари 2017 против Бастија во првото коло од Куп на Франција, постигнувајќи притоа и погодок во победата со 7-0.Paris Saint-Germain 7-0 Bastia: Parisians breeze to victory over Ligue 1 outfit in French Cup as Julian Draxler marks competitive debut with goal www.dailymail.co.uk На 14 февруари 2017, Рабио добил висока оценка за својот настап против Барселона во незаборавната победа на парижаните од 4-0 на Паркот на принцовите во Лигата на шампионите, одземајќи многу топки и добивајќи голем број на двобои со противничките играчи на средината од теренот.PSG 4 Barcelona 0: Six things we learned as the end of an era leaves Lionel Messi and Neymar stunned www.independent.co.uk На 1 април, Рабио го одиграл целиот натпревар за својот тим во победата со 4-1 над Монако во финалето на Лига купот, со што бил освоен првиот трофеј за сезоната; подоцна ПСЖ го освоил и Купот на Франција, но по четири години ја загубиле шампионската титула во француското првенство завршувајќи на второто место зад Монако.
На почетокот на следната сезона, на 29 јули 2017, Рабио го постигнал победничкиот гол за ПСЖ во победата со 2-1 над Монако во Суперкупот на Франција. Потоа тој постигнал гол и во победата со 6-2 над Тулуза на домашен терен во третото коло од француското првенство, на асистенција на рекордното засилување на парижаните Нејмар. На 14 февруари 2018, Рабио постигнал гол против Реал Мадрид на Сантјаго Бернабеу во поразот со 3-1 во осминафиналето од Лигата на шампионите. Тој одиграл вкупно 50 натпревари во текот на сезоната 2017-2018 - убедливо најмногу во споредба со било која претходна негова сезона во ПСЖ - помагајќи му на клубот повторно да освои четири домашни титули (како во сезоната 2015-2016): Лига 1, Купот на Франција, Лига купот на Франција и Суперкупот на Франција.