Лиана Думитреску (, - , ) - романска политичарка, пратеник-претставник на Македонците во Комората на пратеници (Долен дом) во Парламентот на Романија.

Животопис Думитреску е родена на 27 јануари 1973 година во Крајова, Романија во семејство на Македонци. Во 1996 година завршила право на правниот факултет во Букурешкиот универзитет. Таа била првиот пратеник-претставник на Македонците во Комората на пратеници, односно Долниот дом во Парламентот на Романија. Била на два мандата претставник, од кој вториот го добила со над десет илјади гласови. Покрај пратеничкиот мандат, ја извршувала и функцијата потпретседател на Друштвото на Македонците во Романија и во секоја пригода ги нагласувала своите македонски корени. Починала од срцев удар на 27 јануари 2011 година.Deputatul Liana Dumitrescu a murit la spital, la vârsta de 38 de ani Во 2011 година била посмртно одликувана со Орденот за заслуги за Македонија.Претседателот Иванов во Букурешт посмртно ја одликува Лиана Думитреску со Орден за заслуги за Македонија

Наводи

Категорија:Неокази Категорија:Романски политичари Категорија:Македонци во Романија