„Ел-Фатиха“ (, Отворање) — првото поглавје на светата книга Куран. Содржи седум стиха како молитва за Божјето поведување по вистинскиот пат и нагласување на господарството и милоста Божја. Ова поглавје игра посебна улога во традиционалните дневни молитви, со тоа што се рецитира на почетокот на секоја единица молитва (реќат).
Толкување и значење на сурата Ел-Фатиха Муслиманите веруваат дека Куранот е Божје откровение/објава, на арапски јазик. Преводите на било кој друг јазик се сметаат само за површни „толкувања“ на значењето, а не веродостојни верзии на Куранот. Затоа се користат за лични/духовни потреби на оние кои не знаат арапски. Еве ваков превод на македонски (со латинична транслитерација на арапскиот оригинал).
Отворање
1:1 Во името на Алах, Милостивиот, Сомилосен! Bismillāhir rahmānir rahīm
1:2 Благодарноста Му припаѓа на Алах, Господарот на Световите, Al hamdu lillāhi rabbil 'ālamīn
1:3 Милостивиот, Сомилосен, Ar rahmānir rahīm
1:4 Владетелот на Судниот Ден! Māliki yawmid dīn
1:5 Ние само Тебе Те обожуваме и само од Тебе помош бараме! Iyyāka na'budu wa iyyāka nasta'īn
1:6 Упати нѐ на патот вистински, Ihdinās sirāt al mustaqīm
1:7 на патот на оние врз кои ја разлеа Твојата благодат, а не на патот на оние кои гневот Твој го предизвикаа и не на патот на оние кои во заблуда скршнаа! Sirātal ladhīna an'amta 'alayhim ghayril maghdūbi 'alayhim walād dāālīn
По рецитирањето се вели „Амин“.
Откровение Исламската веронаука, меѓу другото, се занимава и со тоа каде овие зборови му биле објавени на Мухамед - на пример, дали додека тој бил во Мека или во Медина. Според Ибн Абас и други, сурата Ел-Фатиха е Меканска сура; според Ебу Хурејре и други, ова е Мединска сура. Првиот став е општоприфатен.
Статистика Оваа сура содржи 7 стиха, 29 збора и 139 букви (или 25 и 120, ако не се брои првиот стих), иако Ибн Кесир вели: „Веронаучниците велат дека Ел-Фатиха се состои од 25 збора и дека содржи 113 букви.“ Потпаѓа под првиот хизб, и затоа првиот џуз, кои се делови од Куранот.
Преводи, толкувања и образложенија на сурата Ел-Фатиха Многу учени ја нагласуваат важноста на оваа глава во нивните дела.
Сурата Ел-Фатиха се кажува 17 пати дневно, броејќи ги само фарзовите (задолжителни) намази (молитви), од секој активен муслиман во светот. Таа е сржта на Исламот.
Фатиха Категорија:Намаз