Оваа статија се однесува на Општина Вратница. За истоименото село, видете Вратница.
Општина Вратница — поранешна општина во Долен Полог, Македонија, која постоела во периодот 1952-1955 и 1996-2005 година. Општината престанала да постои согласно Законот за територијална поделба од 2004 година на 12 април 2005 година, кога била припоена на Општина Јегуновце. Локалното и поширокото население не било задоволно од ова припојување. Седиште на општината било селото Вратница.
Историја
1913-1915 Општина Вратница за прв пат била основана во 1913 година, за време на Кралството Србија. Населени места во општината биле Беловиште, Вратница и Првце. Општината била дел од Долнополошкиот Срез, Битолски Округ.
Кралство СХС/Југославија За време на новата држава Кралство СХС (подоцна под името Кралство Југославија), Општина Вратница продолжила да постои во рамки на Долнополошкиот Срез, и почнувајќи од 1929 година, во Вардарската Бановина.
1945-1955 Месниот народен одбор Вратница бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Теаречката Околија, Скопски Округ, а нејзино единствено населено место била Вратница. Согласно административната поделба од 1952 година, сега со називот, Општина Вратница, општината се проширила со селата Беловиште, Јажинце, Нераште, Одри, Орашје, Првце, Рогачево и Старо Село. Согласно административната поделба од 1955 година, Општина Вратница била укината и нејзината општинска територија припаднала на Општина Теарце.
1996-2004 Согласно општинската поделба од 1996 година, Општина Вратница била обновена на сметка на намалената Општина Тетово. Нејзини населени места биле Беловиште, Јажинце, Орашје, Рогачево и Старо Село. Според административната поделба од 2004 година, Општина Вратница била повторно укината на сметка на проширената Општина Јегуновце.
Демографија
Според последниот попис од 2002 година, општината имала 3.563 жители,Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X од кои:
Македонци - 1.335 Албанци - 2.178 Срби - 40 Бошњаци - 1 Други - 9
Поврзано
Општини во Македонија Општина Јегуновце Вратница
Наводи
Вратница Вратница Вратница