Јорганџија — вид занаетчија кој се занимава со правење (изработка) на јоргани, перници и душеци.

Постапка на изработка Производство некогаш

Јорганџија рачно ги прави своите производи. Алати кои ги користи при работата се ножици, игла, конец, машина за шиење. Јорганот се шие од платно и се полни со памук, за да не би испаднал материјалот со кој е наполнет се шие со конце. Јорганџии продавале и по мерка по која купувачите ги нарачувале производите. Некогаш за правење на јорганџиски производи се користеле претежно природни материјали како што се волна и памук, а производите биле тешки и подолго траеле.

Производство денес

Јорганџиски производи можеме уште некаде да најдеме, претежно на пазари и панаѓури.

мини|десно|Јоргани од природни материјали мини|десно|Волна

Со овој занает денес малку кој се занимава па тој е во изумирање. Полесно е да се произведува со современи машини и да се купуваат производите бидејќи старите традиционални занаети не донесуваат заработка Наводи

Надворешни врски

Категорија:Стари занаети Категорија:Турцизми