Пречна Планина — средновисока планина којашто се протега на границата меѓу Македонија и Албанија. Планината е сместена меѓу граничниот премин Стење (Горица) на запад, каде што со превој се поврзува со планината Галичица и Преспанското Езеро на исток. Планината има правец на протегање северозапад-југоисток. Највисок врв е Високи Врв со надморска височина од 1.293 м. Во подножјето на планината се сместени селата Коњско на македонска и Туминец на албанска страна.

Поврзано Мала Преспа Список на планини во Македонија Список на планини во Албанија

Категорија:Планини во Македонија Категорија:Планини во Албанија Категорија:Преспа