Јени Јол е женско македонско оро, кое кореографски потекнува од Скопско.Михаило Димоски: Македонски народни ора, Наша Книга, Скопје, 1977, стр. 42-44

Ова е бавно оро кое се игра со мали чекори и изразито играње со колковите. Играчите се во полукруг, со лицето свртени кон центарот на кругот. Ритамот е двочетвртински.

Надворешни врски Јени Јол во изведба на КУД „Мирче Ацев“ од Прилеп

Наводи

Категорија:Македонски ора