Таратор или таратур — освежителна салата или ладна супа, особено популарна во топлата пролет и жешкото лето.
Како се прави (рецепт)
Состојки (за четворица) една глава лук половина килограм кисело млеко две свежи краставици 100ml сончогледово или маслиново масло една мала лажица сол
Потребен специјален прибор дрвен сад за толчење дрвен толчник
Подготвување Лукот се дели на чешниња и се лупи. Чешнињата се ставаат во дибекот сосе солта и се толчат сѐ додека не се добие еднолична смеса. Во дибекот се додава сето масло и со толчникот се меша сѐ додека маслото не се впие во истолчениот лук. Масата треба да добие конзистенција слична на мајонез. Киселото млеко се истура во длабок порцелански или стаклен сад и во него се додава истолчениот лук. Се меша за да се изедначи. Ако киселото млеко е прегусто, некои додаваат малку студена вода. Други пак претпочитаат тараторот да остане погуст.
Краставиците се мијат и се лупат. Потоа со остар нож се сечкаат на ситни парченца. Наместо нож може да се употреби ренде. Иситнетите краставици се додаваат во смесата. По можност, се зачинува со листови свеж копар (Anethum graveolens).
Сервирање Готовиот таратор пред сервирањето се лади во фрижидер. Непосредно пред послужувањето може да се додадат коцки мраз.
Галерија
Наводи
Категорија:Македонска кујна Категорија:Турска кујна Категорија:Балканска кујна Категорија:Турцизми