Јозеф Мари Антоан Хуберт Лунс (28 август 1911 – 17 јули 2002 година) бил холандски политичар и дипломат на денес непостоечката Католичката народна партија (KVP), која сега е споена во Христијанска демократска партија (CDA). Лунс бил еден од најпопуларните холандски политичари отсекогаш, познат по неговиот црн хумор и подготвените јазични досетки. Тој бил дел од вкупно осум кабинети и останал во канцеларија деветнаесет години континуирано, и бил најдолг период на служба како холандски Министер за надворешни работи, од 2 септември 1952 до 6 јули 1971 година. Тој се повлекол од политиката и стана петтиот (и, исто така, најдолго на служба) Генерален секретар на НАТО во период од 13 години, од 1 октомври 1971 до 25 јуни 1984 година.
Животопис Лунс е роден во Римокатоличко, франкофонско и уметничко семејство.Kersten, A.E., Luns. A political biography. Amsterdam 2010 p.26-28 Учел средно образование во Амстердам и Брисел. Тој се одлучил да стане офицер на холандската кралската морнарица, но се пријавил премногу доцна за да биде избран. Затоа, Лунс студирал право, во Универзитетот во Амстердам од 1932 до 1937 година.
Како неговиот татко, Лунс исто така покажал желба за конзервативни и авторитетни политички партии и интерес во меѓународната политика. Како млад студент себеси се пронашол во политичкото право, фаворизирајќи го силниот авторитет на државата и бил на мислење дека социјализмот, поради неговата идеалистичка идеологија, го поттикна подемот на фашизмот и нацизмот. Лунс бил тивок член на Националното социјалистичко движење во Холандија (NSB), но го напуштил во 1936 година пред оваа партија да избере силен антисемитистички правец.Kersten, A.E., Luns. A political biography. Amsterdam 2010 p.42-44.
Генерален секретар на НАТО (1971-1984) Во 1971 година, Лунс бил назначен за Генерален секретар на НАТО. Во времето на неговото назначување,се случувале јавни протести против американската политика во Виетнам низ Западна Европа. Иако имало првични сомневања за неговите вештини за работа, тој наскоро се покажал дека бил способен за менаџирање на алијансата во криза. Се сметал себеси како портпарол на алијансата и бил насочен кон балансирање на безбедноста и политичките интереси на алијансата како целина.
Наводи
Надворешни врски
(холандски) Г-Дин J. M. A. H. (Јосиф) Лунс (Парламент и политика) НАТО Declassified - Јосиф Лунс(биографија) Биографија на НАТО
Категорија:Статии со надворешни врски на холандски Категорија:Родени во 1911 година Категорија:Починати во 2002 година Категорија:Римокатолички христијани од Холандија Категорија:Луѓе од Ротердам Категорија:Носители на Претседателскиот медал на слободата Категорија:Генерални секретари на НАТО Категорија:Носители на Големиот крст на Легијата на честа Категорија:Луѓе од Амстердам Категорија:Носители на Големиот крст од I класа на Орденот за заслуги за СР Германија