Ерих фон Фалкенхајн (; Бург-Белхау, 11 ноември 1861 – Потсдам, 8 април 1922) — германски војсководец и началник на генералштабот на германската војска од 1914 до 1916 година за време на Првата светска војна.
Кариера Од 1896 година до 1903 година служел како офицер во Кина во текот на „Боксерското востание“. После тоа, тој служел во Брауншвајг, во Мец и во Магдебург, секој пат со поголем ранг. Пред војната во 1913 година, бил назначен за пруски Министер на војната. Како и повеќето, не мислел дека ќе има сеопшта војна, но бил во групата која го убедувала царот да објави војна.
По Битката кај Марна, на 14 септември 1914 година, станал началник на генералштабот наместо Молтке. Соочен со неуспехот на Шлифеновиот план, Фалкенхајн се обидел во „Трка до морето" да маневрира со британските и француските сили со серија на конфликти во северна Франција и Белгија, а со цел да стигне до брегот на Северното Море. Французите ги престигнале Германците во првата битка на Ипра. Фалкенхајн сакал да продолжи со офанзивна стратегија на Западниот фронт, а во исто време да води ограничена кампања на Источниот фронт, надевајќи се дека Русија полесно ќе прифати примирје, ако не е понижена. Поради ова, тој дошол во судир со Хинденбург и Лудендорф кои сакале масовен напад на Исток. Фалкенхајн ја започнал Верденската битка со надеж дека масакрот ќе ги наведе политичките водачи од Европа да стават крај на војната, а од друга страна сметал дека губитоците се поголеми за Франција отколку за Германија. Поради неуспех во Битката кај Верден и неколку неуспеси на Исток, Фалкенхајн бил разрешен од местото началник на генералштабот, и на негово место бил поставен Паул фон Хинденбург.
Подоцнежна кариера По смената од местото началник на генералштабот, Фалкенхајн ја презел командата на Деветтата армија во Трансилванија, и во август 1916 тргнал во офанзива со Мекензен против Романија.
Силите на Фалкенхајн го освоиле Букурешт за помалку од 4 месеци. По овој успех, Фалкенхајн ја презел командата над турските сили во Палестина, но не успеал да ги спречи Британците да го заземат Ерусалим во декември 1917 година.
Во февруари 1918 година, Фалкенхајн станал командант на Десеттата армија во Белорусија. Во пензија заминал во 1919 година, кога се повлекол на својот имот, каде напишал неколку книги за војната, за стратегијата и автобиографија.
Наводи
Категорија:Германски генерали Категорија:Родени во 1861 година Категорија:Починати во 1922 година Категорија:Германци од Првата светска војна Категорија:Носители на прускиот Орден за заслуги (воен) Категорија:Луѓе од Груѓонѕ Категорија:Носители на Железниот крст (1914) од I класа