Михаел Голертс (; – ) — белгиски професионален друмски велосипедист, кој возел за професионалната континентална екипа .
При Париз-Рубе 2018, Голертс доживеал срцев удар. Бил однесен во болница во Лил, каде починал неколку часа подоцна.
Животопис
Голертс се родил во Лир, а пораснал во Халар, Хејст оп ден Берг, каде станал член на велосипедскиот клуб Бален. Го освоил покраинското хронометарско првенство во Антверпен во категоријата новодојденци во 2010 година. Исто така, ја освоил оваа титула во јуниорска категорија во 2011 година. Во 2012 година бил дел од екипата која го освоила јуниорското првенство во екипна потера и екипен спринт. Таа година исто така завршил осми во јуниорската верзија на Трката околу Фландрија.
Се приклучил на екипата Верандас Вилемс како стажант во втората половина на 2013 година и обезбедил договор со екипата за следната година. Во 2015 година се приклучил на развојната екипа на Лото-Судал.
Голертс се приклучил на како стажант, започнувајќи од 1 август 2016 година, пред повторно да се приклучи на тогашната професионална континентална екипа за сезоната 2017. Го имал својот прв настап на Етоле де Бесеж, и завршил меѓу првите десет на ГП Брик Схоте. Таа година бил во раните бегства на Трката околу Фландрија, каде останал на чело на групата над 200 километри и на Хале-Ингоигем, каде неговите резултати биле пофалени од Том Бонен, и на Париз-Тур. На почетокот на сезоната 2018 завршил деветти на Дварс дор Вест-Вландерен.
На 8 април 2018 година, Голертс започнал на неговиот прв Париз-Рубе. На третиот сектор со калдрма по 109 километри возење, доживеал срцев удар и се онесвестил на земја. Бил оживеан од медицинските лица и пренесен со хеликоптер во болница во Лил. Починал подоцна истата вечер. Обдукцијата покажала дека доживеал срцев удар пред да падне од неговиот велосипед.
Достигнувања
2012 1. 20п Национално велодромско првенство - јуниорски екипен спринт 8. Трка околу Фландрија за јуниори 2015 4. Париз-Шони 7. Национално хронометарско првенство под 23 години 2016 1. Етапа 1 Тур ди Лоар ет Шер 9. Национале Слејтингспрејс 2018 9. Дварс дор Вест-Вландерен
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Родени во 1994 година Категорија:Починати во 2018 година Категорија:Белгиски велосипедисти