Повеќето муслимани во Словенија етнички претежно се Бошњаци и други словенски муслимани. Во 2014 година, имаше 48,266 муслимани во Словенија, односно околу 2,4 проценти од вкупното население. На чело на муслиманската заедница на Словенија е Неджад Грабус.
Демографија Демографија на муслимани во Словенија по етничка припадност во 2002 година Етничка припадностМуслиманиПроцентБосански муслимани (Бошњаци)19,92341.95%Муслимани по националност9,32819.64%"Бошњаци" (самодекларирани)5,72412.05%Албанци5,23711.03%Словенци1,5063.17%Роми8681.83%Црногорци6341.33%Македонци5071.07%"Југословени" (самодекларирани)550.12%Срби530.11%Хрвати300.06%Унгарци80.02%Пакистанци80.02%Без одговор8171.72%Етнички недекларирани7211.52%Други4450.94%Непознато3080.65%Регионално определени150.03%Вкупно47,488100%
Муслимански градби во Словенија десно|мини|260x260пкс|Стара австроунгарска џамија во Лог-под-Мангартом, урната по Првата светска војна. Била изградена една џамија во Лог-под-Мангартом, село денес во екстремниот северозападен дел на Словенија, од страна на босанско-херцеговинскиот пешадиски полк бр.4 за време на Првата светска војна и веројатно урната наскоро по војната. Во ноември 2013 започнала изградбата на џамија во Љубљана која била завршена во 2016 година.
Љубљанска џамија Во септември 2013 била создадена фондацијата за изградба на џамија која 70% беше финансирана од Катар, 44 години откако беше поднесено барање за изградба на џамија. Беше планирано џамијата да вклучува и културен центар со цена од $16 милиони долари и изградбата требаше да биде завршена до 2016 година. На отворањето присуствувала и премиерката Аленка Братушек која ја нарече градбата "симболична победа против сите форми на верска нетолеранција" и според која Европа би била помалку културно богата без исламот. Присуствувале околу 10.000 други лица вклучувајќи го и љубљанскиот градоначалник Зоран Јанковиќ и анонимен владин министер од Катар. Највисокиот исламски авторитет во Словенија, муфтијата Неджад Грабус рече: "Ние сме среќни да го започнеме овој граѓански проект во Љубљана, која на овој начин ќе стане подобро познат и поплуралистички град."http://www.aljazeera.com/news/europe/2013/09/2013914161756283157.html На церемонијата присуствувал и бошњачки член на претседателството на Босна и Херцеговина Бакир Изетбеговиќ. Други кои присуствуваа беа поранешниот претседател на Словенија, Данило Турк и муфтијата на Исламската заедница на Босна и Херцеговина Хусеин Кавазовиќ.http://www.worldbulletin.net/?aType=haber&ArticleID=117944 Проектот се соочи со административни пречки и беше политички ризик во претежно римокатоличката земја. Тој исто така се соочи со можен референдум за ова прашање во 2004 година со 12,000 потписи за него; меѓутоа, Уставниот суд на Словенија го одби барањето врз основа на слободата на вероисповед. Тој исто така беше контроверзен поради финансиската криза во која била земјата. На свеченоста исто така беа ретка глетка жените со покривки за глава.
Наводи
Категорија:Исламот по земја Категорија:Религијата во Словенија Категорија:Словенечко општество Категорија:Исламот во Европа