Стадион Рујевица (официјално име: Стадион ХНК Риека) — стадион кој се наоѓа во Риека, Хрватска. Стадионот честопати се нарекува Рујевица според неговата местоположба. Од август 2015 година, стадионот е привремен дом за ФК Риека поради изградбата на новиот стадион Кантрида. Стадионот е дел од тренинг кампот што го користи младинската академија на клубот, која вклучува четири дополнителни терени. Откако ќе се изгради новиот стадион Кантрида, Рујевица ќе се користи за тренинг на клубот.

Градба

Изградбата на центарот започнала на 15 септември 2014 година и проектот бил финансиран од сопствениците на ФК Риека. На 28 јули 2015 година на стадионот му била издадена дозвола од хрватските фудбалски власти. Официјално бил отворен на 2 август 2015 година со победата на Риека против НК Локомотива. Марин Леовац го постигнал првиот гол.

Проширување

Во јануари и ноември 2016 година, претседателот на клубор, Дамир Мишковиќ изјавил дека северната трибина може да биде изградена за да се усогласи со условите кои ги бара УЕФА за одржување на натпревари од групните фази на Лигата на шампионите и УЕФА Лига Европа со минимална сместивост од 8.000 гледачи. Изградбата на северната трибина започнала на 11 мај 2017 година. Изградбата била завршена на 21 јули 2017 година, зголемувајќи ја вкупната сместивост на стадионот од 6,039 до 8,279. Сместивост по сектор

Четири сектори придонесуваат за вкупната сместивост за седење од 8.279:

Сектор И (исток): 2.852 Сектор З (запад): 2.775 (вклучувајќи ВИП сектор) Сектор С (север): 2.240 Сектор Ј (југ): 412 (сектор за поддршка на гостите)

Посетеност во домашната лига Season2015–16 71,682 5,776 2,522 4,2172016–17 85,628 6,004 3,022 4,7572017–18 80,262 7,258 3,022 4,721

Наводи

Категорија:Спортски зданија во Хрватска Категорија:Риека