мини|десно|300п|Зградата на хотелот Баниште во истоимената бања
Бања Баниште (позната и под имињата: Бања Бањиште, Дебарска бања-Баниште (или Бањиште)) ― едната од двете бањи во состав на Дебарските бањи во подножјето на планината Крчин, на надморска височина од 870 метри. Сместено е во истоименото село, на 4 километри северозападно од градот Дебар.
Местоположба
До бањата, како и до самото село Баниште, води асфалтен пат, кој се двои од регионалниот пат 1202.
Историја
Двата базени (Горен и Долен амам), кои и сега се користат, се изградени во далечната 1797 година, а првиот современ хотел во 1925 година. Денес, во бањата има два хотела и 6 вили со вкупен капацитет од 400 легла. Годишно во бањата престојуваат по околу 10.000 посетители, кои остваруваат просечно 80.000 ноќевања.
Дебарските Бањи до Втората светска војна
Извори
Бањата поседува три термоминерални извори наречени Нова Каптажа, Горни Базен и Долни Базен. Изворите се предиспонирани со длабински раседи, а наоаѓаат во терен покриен со флувиоглацијални сегменти и термален бигор. Вкупното количество вода од трите извори изнесува 90 л/сек со температура помеѓу 36 °C и 39 °C и радиоактивност од 17 до 27 м.е..
Највисока температура на водата има изворот Долни Базен, која изнесува 39,3 °C. Најниска температура на водата има во Горни Базен, каде изнесува 36 °C, додека во Новата Каптажа има вредност од 38,8 °C. Штедроста на Новата Каптажа изнесува преку 51 л/сек, во Долниот Базен 35 л/сек, а во Горниот Базен 5,2 л/сек. Според тоа температурата на водата изнесува околу 38 °C, а количеството на вода околу 91 л/сек. Радиоактивноста е најголема во Новата Каптажа, каде изнесува 26,75 м.е., во Горниот Базен е 20,65 м.е., а во Долниот Базен 16,89 м.е..
По хемискиот состав, водата спаѓа во групата сулфурно-карбонатни, земно-алкални и мурјатични води. Во себе содржи растворени гасови, особено сулфурводород и јаглерод диоксид. Тие, заедно со високата температура и радиоактивност, преку капење и пиење успешно лекуваат повеќе видови болести како ревматични, гинеколошки и кожни болести, како и воспаление на дишните органи.
Водите во ова лекувалиште може да се користат и во рекреативно-превентивна и рехабилитациска смисла.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Бањи во Македонија Категорија:Баниште