Фудбалскиот куп на Италија за сезоната 2017-2018, познат и како ТИМ куп поради спонзорството, било 71-вото издание на националниот фудбалски куп во Италија.
Екипата на Јувентус влегла во натпреварувањето како бранител на титулата, откако го победиле Лацио во финалето од претходната сезона со 2-0, а во оваа сезона успеале да го одбранат насловот. Во финалето тие биле подобри од Милан со 4-0 со головите на Меди Бенатија (два), Даглас Коста и автоголот на Никола Калиниќ, стигнувајќи до рекордната 13-та титула во ова натпреварување. Исто така, тие победиле во секој од својте пет натпревари во ова издание на Купот на Италија, притоа без да примат ниту еден гол со вкупна гол-разлика 10-0.
Со освојувањето на титулата, Јувентус станал првиот клуб кој успеал четири сезони по ред да го освои Купот на Италија.
Клубови кој учествувале Серија А (20 клуба)
Серија Б (22 клуба)
Лега Про (27 клуба)
Серија Д (9 клуба)
извор: legaseriea.it
Формат и носители Клубовите влегуваат во натпреварувањето во различни фази, по следниов распоред: Прва фаза (се игра еден натпревар) Прв круг: 36 екипи од Лега Про и Серија Д го започнуваат турнирот Втор круг: 18-те победници од претходниот круг се споени со 22 клуба од Серија Б Трет круг: 20-те победници од вториот круг се среќаваат со 12 клуба од Серија А кој во претходната сезона завршиле под 9. место Четврт круг: 16 клуба кои ја минале претходната рунда се среќаваат едни против други Втора фаза Осминафинале (еден натпревар): 8-те победници од четвртиот круг одат (секој од нив) на 8-те клуба носители од Серија А кои завршиле во претходната сезона на позициите од 1-8 место Четврт-финале (еден натпревар) Полуфинале (два натпревари) Финале (еден натпревар) се игра на Стадионот Олимпико во Рим
Прва фаза Прво коло Натпреварите од првото коло се одиграле од 29 до 30 јули 2017.
Второ коло Натпреварите од второто коло се одиграле од 5 до 6 август 2017.
Трето коло Натпреварите од третото коло се одиграле од 11 до 13 август 2017.
Четврто коло Натпреварите од четвртото коло се одиграле од 28 до 30 ноември 2017.
Завршна фаза
Ждреб (завршна фаза)
Осминафинале Осминафиналните натпревари се одиграле од 12 до 20 декември 2017.
Четвртфинале Натпреварите се одиграле на 26 декември 2017 до 3 јануари 2018.
Полуфинале Натпреварите се одиграле на 30 и 31 јануари (први натпревари), и 28 февруари 2018 (реваншите).
Финале
</onlyinclude>
GK 1 Џанлујџи Буфон RB 7 Хуан КвадрадоCB 15 Андреја БарцаљиCB 4 Меди БенатијаLB 22 Квадво АсамоаCM 6 Сами ХедираCM 5 Миралем Пјаниќ CM 14 Блез МатуидиRW 10 Пауло Дибала LW 11 Даглас Коста CF 17 Марио МанџукиќРезерви:GK 16 Карло ПинсољоGK 23 Војќех ШченсниDF 2 Матија Де ШиљоDF 12 Алекс СандроDF 21 Бенедикт ХеведесDF 24 Даниеле РуганиDF 26 Стефан ЛихтштајнерMF 8 Клаудио Маркизио MF 27 Стефано СтурароMF 30 Родриго БентанкурFW 9 Гонсало Игуаин FW 33 Федерико Бернардески Тренер: Масимилијано Алегри GK 99 Џанлујџи ДонарумаRB 2 Давиде Калабрија CB 19 Леонардо Бонучи CB 13 Алесио РомањолиLB 68 Рикардо РодригесCM 79 Франк КесиеCM 73 Мануел Локатели CM 5 Џакомо БонавентураRW 8 Сусо CF 63 Патрик Кутроне LW 10 Хакан ЧалханоглуРезерви:GK 30 Марко СторариGK 90 Антонио ДонарумаDF 17 Кристијан СапатаDF 20 Игнацио АбатеDF 22 Матео МусакиоDF 31 Лука АнтонелиMF 4 Хосе МауриMF 18 Рикардо Монтоливо MF 21 Лукас БиљаFW 7 Никола Калиниќ FW 9 Андре СилваFW 11 Фабио Борини Тренер: Џенаро Гатузо
Екипа победник <big>Јувентус13. титула</big>
Список на стрелци http://sport.sky.it/statistiche/calcio/coppa_italia/classifica.shtml
.
Наводи
Надворешни врски Официјална страница на Фудбалскиот куп на Италија Куп на Италија на soccerway.com
2017-2018 2018 2018