Душанка Сифниос (Скопје, 15 октомври 1933 – Брисел, 14 октомври 2016) била српска примабалерина и кореограф со голем меѓународен успех.
Животопис Кариерата ја започнала во Народниот театар во Белград во 1951 г. После неколку солистички настапи во скромниот повоен репертоар на Народниот театар во Белград, настанала пресвртница во нејзината кариера со доаѓањето на рускиот кореограф Леонид Лавровски. Тој бил дојден да го обнови балетот Жизел и да го стави повторно на сцена. Главната улога ја добила Душанка и од тогаш оваа улога ја одиграла 177 пати на својата матична сцена и многупати како гостинка на познати интернационални театри вклучувајќи го и Бољшој театар.
Друга голема улога во нејзината кариера била улогата на Девојка во балетот Чудесниот мандарин од композиторот Бела Барток, а во кореографија на Димитрија Парлиќ. Со оваа улога се претставила на светските театарски сцени со голем успех.
Вториот дел од кариерата ја поминала во Париз, како солиста на балетската група на Морис Бежар, каде нејзината најпозната солистичка улога била во кореографската изведба на Болерото од Равел, која била направена за неа.
Престанала да игра во 47 година од животот.
Наводи
Надворешни врски
Одлазак Душке Сифниос („Политика”, 15. октобар 2016) (српски)
Категорија:Луѓе од Скопје Категорија:Југословенски балерини Категорија:Српски балерини Категорија:Починати во 2016 година Категорија:Родени во 1933 година