Катедралата „Св. Мајка Тереза“ (, / Катедрала Мајке Терезе у Приштини) — римокатоличка катедрала која се наоѓа во Приштина, Косово. Во 2007 година, Владата на Косово ги одобрила плановите за изградба. Катедралата е посветена на римокатоличката калуѓерка и мисионерка, Мајка Тереза.

Историја

Пуштањето на катедралата церемонијално ја отворил поранешниот претседател на Косово, Ибрахим Ругова, кој и самиот бил муслиман. На почетокот од церемонијата била благословена водата на влезот во катедралата, а потоа поворка предводена од кардиналот Симони влегла во катдралата, каде што следувал верскиот обред на осветување, а била извршена и причест.

Истата била инаугурирана на 26 август 2010 година, по повод од стогодишнината од роденденот на Мајка Тереза, пред да биде завршена изградбата.. Изградбата, која започнала во 2011 година, предизвикала контроверзии во муслиманските кругови, со оглед на малиот број католици во областа.

По завршувањето на катедралата, таа ќе биде една од највисоките згради во ПриштинаIn Pristina's old Ottoman mosque, Muslims gather for prayers. right|thumb|200px Во катедралата во јануари 2015 година се одржала изложба за споделената историја на Албанците и Австрија. На изложбата присуствувале претседателот на Косово, Атифете Јахјага и австрискиот министер за надворешни работи, Себастијан Курц.

Се проценува дека катедралата, која сè уште не е целосно завршена, ќе чини 1,28 милиони долари. Кулите на катедралата, по завршувањето, треба да бидат високи 70 метриhttps://www.slobodnaevropa.mk/a/2149108.html.

Наводи

Категорија:Римокатолички катедрали во Косово Категорија:Цркви во Приштина