<span> Вознесенската катедрала (Вознесенский собор) — руска православна црква во Новочеркаск, Ростовска област, Русија. Таа беше една од најголемите цркви во Руската Империја и главната црква на Донските Козаци.
Петкуполната црква, која е 75 метри висока, е познат пример на руската неовизантиска архитектура. Таа беше изградена помеѓу 1891 и 1904 година, на местото на една поранешна црква. Првата црква на ова место беше изградена според дизајнот на Лујџи Руска. Таа била урната во 1846 година. Црквата која ја заменила била урната 17 години подоцна.
Постоечката црквовна градба била дизајнирана од страна на локален архитект, Александар Јашченко, во 1905 година. Верниците беа протерани од црквата од страна на комунистите во 1934 година. Православната заедница ги продолжи своите активности во горната црква во 1942 година, откако комунистите биле протерани од Донбас од страна на Вермахтот.
Старочеркаската катедрала и Новочеркаската катедрала се сметаат за главни духовни центри во Донбас. Матвеј Платов, Василиј Орлов-Денисов, Јаков Бакланов и други атамани биле погребани во црквата. Бронзената статуа на Јермак, освојувачот на Сибир, пред тремот била дизајнирана од Михаил Микешин.
Галерија
Наводи
Надворешни врски Шадрина А. В. Когда Старочеркасский воскресенский храм стал собором // Донской временник. Год 2016-й / Дон. гос. публ. б-ка. Ростов-на-Дону, 2015. Вып. 24. С. 98-101. Кирьянова С. А. Иконописец Егор Грек и иконостас Воскресенского собора Старочеркасска // Донской временник. Год 2016-й / Дон. гос. публ. б-ка. Ростов-на-Дону, 2015. Вып. 24. С. 102-106. Казачья сеть. Войсковой Вознесенский кафедральный собор в Новочеркасске История соборного храма
Категорија:Руски православни катедрали Категорија:Ростовска област Категорија:Цркви од 20 век