Виви () – езеро на реката Виви во југозападниот дел на висорамнината Путорана во Русија. Езерото се наоѓа во Сибир, административно му припаѓа на Евенкскиот Округ и Краснојарската Област. Тоа е типично речно езеро, долго 86 км, широко до 5 км, а неговата површина изнесува 229 км2(озеро в Красноярском крае.

Езерото има издолжен облик, а неговите брегови се обраснати со шума ариш. Езерото Виви сè уште е слабо истражено. На пример, непозната е неговата максимална длабочина. Истата се проценува на 80 до 200 м.

Подрачјето на Сибир е ретко населено, таков е случајот и со езерото на чии брегови нема постојани населби. Езерото е познато како географско средиште на Русија. Центарот е обележен со споменик висок 7 метри, кој е подигнат во август 1992 година. Во близина е уште поголем крст кој му е посветен на свети Сергеј Радонежски.

Надворешни врски Географско средиште на Русија

Наводи

Категорија:Езера во азискиот дел на Русија Категорија:Географски центри