Фантом II (Phantom II) го наследил на моделот Фантом I (New Phantom) во линијата на Ролс Ројс во 1929 год.

Возилото го делело 7.7-литарскиот (7668 см³) надвентилски шестцилиндричен линеарен мотор со својот претходник, и со тоа е последниот голем шестцилиндричен Ролс-Ројс. Моторот имал единечен 4-брзински мануелен пренос. Во 1932 бил додаден Синхронизиран пренос на третата и четвртата брзина, а на втората во 1935.

Амортизацијата напред ја вршеле полуелиптични пружини, и за разлика од претходникот, исто така и одзади. Возилото имало и серво кочници на сите четири тркала.

Биле произведени и 278 полесни Континентал модели на Фантом II, од кои 125 за возење на лева страна.

Производство Фантом II: 1402 Фантом II Континентал: 278

Надворешни врски Слики од Ролс-Ројс Фантом II

Фантом 2