Степан Степановиќ - Степа (Кумодраж кај Белград, 28 февруари/11 март 1856 – Чачак, 27 април 1929 година) бил српски и југословенски војвода (фелдмаршал). Тој учествувал во српско-турските војни (1876-1878 г.) како питомец-наредник, а подоцна и потполковник. Во периодот меѓу борбите на Сливница, кај Куманово, бил командант на баталјон, а подоцна и на полк, бригада, дивизија и помошник на началникот на Главниот генералштаб. Двапати бил воен министер. Во тој период Српската војска била во секој поглед (организациски, професионално, материјално и морално) добро подготвена за војување. Во Првата балканска војна (1912-1913 г.), Степа Степановиќ командувал со Втората армија. Во Втората балканска војна, армијата со која командувал пожртвувано ја бранела нишавската зона со утврден логор во Пирот.

Кога почнала Првата светска војна, тој бил заменик на отсутниот Радомир Путник, кој бил началник на штабот на Врховната команда и раководел со мобилизацијата на Српската војска. Откако Радомир Путник се вратил во Србија, Степа Степановиќ се вратил на должност како командант на Втората армија и со нејзините главни сили извел марш-маневар, преку Коцељево и Текериш. Во ноќен напад на 21-та дивизија на 8-от корпус на австроунгарската војска на источните падини на планината Цер, тој ја поразил и им овозможил победа на Србите во Церската битка. За оваа победа на Сојузничките сили над Централните сили, тој бил унапреден во највисокиот воен чин - чин на војвода (фелдмаршал). Неговата армија во Битката кај Дрина пожртвувано ја бранела Мачва. Долго време успешно ги одбивала нападите на посилните австроунгарски сили и не дозволувала премин преку реките Дрина и Сава на војската на генерал Поќорек, со што ја исцрпувала силата на неговата војска. Во Битката кај Колубара (од 16 ноември до 15 декември 1914 година), Втората армија на десната страна на реката Колубара прво го запрела нападот, а потоа со маневарските потфати на генералите Радомир Путник и Живоин Мишиќ потполно ја поразила австроунгарската балканска војска. За време на инвазијата на Србија, есента 1915 година, војската на Степановиќ, заедно со Тимочката војска, го оневозможила нападот на Првата бугарска армија, која преку нишавската зона сакала да влезе кон заднинските позиции на главната српска војска, која тогаш била ангажирана на северниот фронт, со што многу придонела во пропаѓањето на плановите на генерал Мекензен за опкружување и уништување на српската војска. Степановиќ имал подоцна значајна улога во реорганизацијата на српската војска на Крф, нејзините први успеси на фронтовите кај Горничево, Кајмакчалан и околу Битола, но најголемиот успех бил пробивањето на Солунскиот фронт и исфрлањето на Бугарите од војната. По пробивањето на непријателскиот фронт на Добро Поле и Козјак, Степановиќ со својата Втора армија, заедно со Првата армија и сојузничките сили, ја натерале Бугарија на капитулација на 29 септември 1918 година. Оваа победа, како и победата во Церската битка, му донеле слава на Степановиќ и го ставиле во редот на најголемите војсководци во Првата светска војна и во целата српска воена историја.

Рано детство и образование лево|мини|Куќата во која е роден Степа Степановиќ Степановиќ е роден во селото Кумодраж, кај Белград; татко му, Иван, и мајка му, Радојка (родена Николиќ), имале четири деца, а Степа бил нивниот трет син. Името го добил по дедо му, Степан, по кој и целото семејство се презивало Степановиќ. Постојат две теории за потеклото на нивното семејство:Скоко и Опачиќ (1990) стр. 11 според едната, семејството потекнува од Лика, а според другата потекнува од околината на Лесковац.

Мајка му, Радојка, која поради домашните работи и работата на нива, имала малку време да им посвети на децата, ги оставала дома да ги чува дедо им. Степановиќ раскажувал за своето рано детство дека мајка му го врзувала на грб, додека работела на поле, но тој толку многу се клоцал и удирал со нозете што ги разранувал од трњето, а таа немала време за него и за гребаниците по неговите нозе, па раните најчесто му заздравувале сами од себе. Кога малку потпораснал, го оставале да чува добиток, и во една прилика млад бик го закачил со рогот по стомакот и му отворил рана која стрина му ја сошила со игла и конец, спасувајќи му го така животот.Скоко и Опачиќ (1990) стр. 12 Тригодишно основно училиште завршил во родното село, а гимназија во Капетан Мишината зграда во Белград. За да може да се школува морал да служи кај побогатите белградски семејства.Скоко и Опачиќ (1990) стр. 13 Првата година од гимназија ја завршил со добар успех, а следните години со многу добар успех.Скоко и Опачиќ (1990) стр. 14 Во 1874 година, наместо да продожи со гимназијата тој се запишал во XI класа на Артилериското училиште, без полагање на приемен испит, како 14-ти во рангот. Приемниот испит не го полагал затоа што сите кандидати кои имале завршено петто одделение на гимназија биле ослободени од полагање. Целата класа имала 29 питомци.Скоко и Опачиќ (1990) стр. 25

Артилерското училиште во тоа време имало повеќе технички карактер, се учело повеќе математика, која, како и јазиците, не му одела баш најдобро на Степановиќ. Во тој период започнало Херцеговското востание, што ја принудило Србија да почне со воени подготовки, па затоа и воените училишта морале да ја прилагодат својата програма повеќе на практична борбена обука. Во септември 1875 година, сите питомци од училиштето добиле чин каплар, а во мај 1876 година, после крајниот испит, добиле чин на поднаредник.Скоко и Опачиќ (1990) стр. 25-26 Во јуни истата година, избила српско-турската војна и целата XI класа од артилериското училиште била пратена на фронт.Pavlowitch (2002) стр. 68

Српско-турските војни Степановиќ бил пратен во Крагуевац, во мај 1876 година, каде му била дадена должност на ордонанс на полковникот Љубомир Узун-Мирковиќ, во штабот на Шумадијската дивизија.Скоко и Опачиќ (1990) стр. 37 Во воените операции против турската војска, Степановиќ бил забележан од својот командант како многу вреден и добар јавач.Скоко и Опачиќ (1990) стр. 40 Но турската војска започнала контраофанзива во која имала успеси. За да не ја изгубат битката, српските офицери влегле во борбата рамо до рамо со обичните војници, што го подигнало моралот на војската и довело до пресврт во битката. Во борбите учествувал и Степа Степановиќ, а ова искуство имало големо влијание врз него.Скоко и Опачиќ (1990) стр. 41 Тој подоцна го искористил за да го подигне моралот на своите борци во одлучните моменти на војувањето.Скоко и Опачиќ (1990) стр. 42

Откако го ослободиле Књажевац, Шумадијската дивизија тргнала кон Сокобања за да го спречи навлегувањето на турската војска во долината на реката Морава. Тука, во Сокобања, Степановиќ бил преместен во штабот на полковникот Ѓуро Хорватовиќ - командант на Четвртиот корпус.Скоко и Опачиќ (1990) стр. 47 Оваа воена формација водела повеќе битки против Турците, а во сите учествувал и Степановиќ. После примирјето, Степановиќ за покажаната храброст бил одликуван со Златен медал за храброст и бил унапреден во повисок чин.Скоко и Опачиќ (1990) стр. 58-59

Во Втората српско-турска војна, Степановиќ бил вклучен во заземањето на Пирот.Скоко и Опачиќ (1990) стр. 72-73 Првиот обид за заземање на градот, под команда на генералот Белимарковиќ, не бил успешен, затоа што Турците добро се утврдиле на двете важни воени точки - Нишор и Будин дел. За да ги освојат тие две коти, генералот формирал одред од 300 одбрани војници, кои ги предводел Степановиќ. Тој успеал преку ноќ да ги заобиколи турските војници, и кога почнал општиот напад, тој ги нападнал од страна од каде не бил очекуван, што довело до конфузија меѓу Турците и придонело за победата на српската војска. За оваа победа Степановиќ бил одликуван со Орден на Свети Станислав од III степен, со мечеви и панделка.Скоко и Опачиќ (1990) стр. 74 Од сите одликувања што ги добил во својот живот, ова одликување му било посебно драго, затоа што тој прв влетал во турскиот ров на чело на својот одред. мини|Портрет на Степа Степановиќ за време на неговата прва година во Артилериското училиште.|372x372пкс Во зимата 1877 година, тој успеал да со еден дел од Шумадијскиот корпус со кој тој командувал, во услови на ладна зима и лош терен без човечки загуби, го спроведе преку Сува Планина до Ниш.Скоко и Опачиќ (1990) стр. 75 Корпусот учествувал и во чистењето на Грделичката клисура и во ослободувањето на Врање. Период на мир (1878-1885 г.) По завршување на војната, Степановиќ го довршил образованието со двогодишен курс на Воената академија. По негова желба, тој бил прекомандуван во Крагуевац.Скоко и Опачиќ (1990) стр. 93 Таму ја запознал својата идна сопруга Јелена, која била ќерка на Велислав Милановиќ - началникот на крагуевската област. Се венчале во 1881 година.Скоко и Опачиќ (1990) стр. 94 Имале две ќерки: Милица и Даница, кои и двете подоцна се омажиле за офицери на кралската војска на Југославија.Поповиќ и Милиќевиќ (2003) стр. 222-229Бјелајац (2004) стр. 281

Во првата официјална евалуација за неговата работа, во 1880 година, специјалната воена комисија го опишала Степановиќ како:Скоко и Опачиќ (1990) стр. 97Во Крагуевац бил назначен и како наставник за воени вежби во Првата крагуевачка гимназија.

Српско-бугарска војна (1885 г.) Во српско-бугарската војна, Степановиќ учествувал прво како командир на Првата чета на Вториот баталјон, но уште додека траела Битката кај Сливница тој бил унапреден за командант на Првиот баталјон.Скоко и Опачиќ (1990) стр. 121-122 Српската војска само на почеток имала успех во борбите. 

Кога кралот Милан, по лажните извештаи од теренот, наредил повлекување на српската војска, бугарската војска извршиле концентричен напад врз клучните позиции, поради што српската војска се разбегала.Скоко и Опачиќ (1990) стр. 132-133

Подем По завршувањето на војната, Степановиќ се вратил во Крагуевац, и останал таму до средината на ноември 1886 година. Кон крајот на годината, положил испит за пешадиски капетан на II класа и станал приправник на Главниот генералштаб.Скоко и Опачиќ (1990) стр. 143-144

После три години, во март 1889 година, се пријавил повторно за испит за повисок чин, и од втори до шести април полагал теориски испит од 12 предмети, додека од практичниот дел бил ослободен бидејќи при работата во генералштабот добил многу добри оценки. По положувањето на испитите, бил унапреден во чин на генералштабен капетан од I класа.

Во пролетта 1892 година, тој полагал за чин на генералштабен мајор, истовремено со Милутин Милановиќ и Живоин Мишиќ, а претседателот на комисијата бил Радомир Путник. Откако положил и бил унапреден, бил преместен во Ваљево, каде бил поставен за началник на штабот на Дринската дивизиска област и останал таму до 1895 г., кога бил преместен во Белград.Скоко и Опачиќ (1990) стр. 149-151 Во Белград, откако кратко време бил командант на Седмиот баталјон, бил поставен за шеф на генералштабниот отсек при Министерството за војна, а истовремено и предавал како професор по воена историја на Воената академија.Скоко и Опачиќ (1990) стр. 156-160 Сѐ до крајот на 1899 година, тој бил на разни должности во Министерството за војна, иако работата во канцеларија не му допаѓала. Таму важел за строг и праведен, но поради недоразбирањата во работата бил преместен во Заечар. Промената во работата ја прифатил со олеснување со зборовите: "За офицер работата во воените единици на терен значи исто што и вода за риба, а посебно за генералштабен офицер. Тука тој може да покаже што знае и може да покаже резултати. Канцеларијата го убива духот и ја исцрпува силата и го претвора човекот во механизам."Скоко и Опачиќ (1990) стр. 165-166 

Во 1901 година, Степановиќ бил унапреден во полковник на генералштабот и бил поставен за помошник на Штабот на командата на активната војска. Во 1903 година, бил одликуван од страна на кралот Александар Обреновиќ со Орденот Таковски крст од II степен. Во овој период повторно предавал на Воената академија за историјата на Наполеоновите војни од 1796-1805 година.