мини|280п|Карта на окрузите во Полска. Округот, наречен повјат () — второстепена единица на месната управа на Полска. Потчинета е на војводството (), а самата е поделена на општини (). Градовите се посебни целини со статус на градски окрузи (, формално: ) и немаат општини. Вообичаените окрузи се наречени „земски“ или „селски окрузи“ (). Секој округ придавно е наречен по најважниот град во него.

Во Полска има вкупно 380 окрузи, од кои 314 се земски, а 66 се градски.

Историја Окрузите во Полска водат потекло од втората половина на XIV век. За задржале како основна управна единица во текот на следните векови, а потоа и за време на Полско-литванската Државна Заедница, сè до нејзината поделба во 1795 г.

Во XIX век округот продолжил да важи и во состав на Руската Империја (Полското Кралство), како истоветник на рускиот уезд, украинскиот повит () и германскиот крајс () во случајот Големото Кнежевство Познањ под германска управа.

Со осамостојувањето на Полска во 1918 г., округот ја продолжил својата улога како второстепена управна единица.

Во 1975 г. окрузите се укинати во полза на поголем број помали војводства. На 1 јануари 1999 г. истите се вратени, овојпат во состав на 16 поголеми војводства.

Надлежности Законодавната власт на округот ја има избран окружен совет (), а извршната е во рацете на окружната управа (). На чело на управата стои старешина (), избран помеѓу членовите на советот. Службата на старешината се нарекува старешинство (). Кај градските окрузи, истите улоги ги имаат градскиот совет (), градоначалникот ( или ) и градската служба ().

Во некои случаи седиштето на округот се наоѓа вон неговата територија. Таков пример е Познањскиот округ, чија управа е во Познањ, иако самиот град не е дел од округот, туку е самостоен.

Окрузите имаат релативно ограничена надлежност бидејќи месните и подрачните работи обично се одлучуваат на степен на општина или војводство. Ова се главните надлежности на округот во Полска:

(вишо) средно образование (основните и нижите средни училишта се општински) здравство (на окружен степен) јавен превоз одржување на извесни патишта земјомер издавање работни дозволи на странци регистрација на возилата

Список на окрузи

Поврзано Општини во Полска Војводства во Полска

Наводи

Литература Bankauskaite, V. et al. (2007), Patterns of decentralization across European health systems, in R.B. Saltman, V. Bankauskaite and K. Vrangbæk (ed.), "Decentralization in health care", London: Open University Press/McGraw-Hill.

Надворешни врски

„За месната самоуправа округ“ — закон на Република Полска од 5 јуни 1998 г.

Категорија:Административна поделба на Полска