Сцена од Раундхејската градина () е краток филм од 1888 режиран од францускиот изумиутел Луј Ле Принс. Снимен е со пионерски 20 слики/сек и е првиот филм во историјата.Гинисова книга на рекорди, сите изданија.

Преглед Според синот на Луј Ле Принс, Адолф, филмот е снимен во Оуквуд Грејнџ Роуд во Раундхеј, Лидс, Западен Јоркшир, Англија на 14 октомври 1888. Свекрвата на Ле Принс, Сара Витли, починала десет дена потоа.

Во филмот се прикажани Адолф Ле Принс, Сара Витли, Џозеф Витли и Хариет Хартли како се шетаат наоколу и се смеат.

Ремастерирање thumb|left|200px|Копија од 1930 на 20-те слики од филмот Во 1930 г. Националниот Музеј на фотографија филм и телевизија направил фотографски копии од сочуваната филмска лента. Секвенцата била снимена во 1885 на фотографска хартиена основа - фотографски филм „Истман Кодак“ преку Ле Принсовиот еднолеќен комби камера-проектор. Неговиот син, Адолф изјавил дека сцената во Раундхејската градина била снимена со 20 сл/сек., додека дигиталната ремастерирана верзија направена од гореспоменатиот музеј користи 52 слики во сек. и трае само 2 секунди. Филмот е со 24.64 сл/сек., современата кинематографска кадрова честота.

Исчезнатата макара Историскиот филм доживеал трагедија и мистерија. На 24 октомври 1888, само десет дена по снимањето на Сцена од Раундхејската градина, Сара Витли (во филмот) - Ле Принсовата свекрва, починала во Лидс. на 16 септември 1890, додека се спремал да го патентира неговиот изум во Лондон и да направи премиерно прикажување во Њујорк, Јул Ле Принс мистериозно исчезнува на воз меѓу Дижон и Париз. Во 1902, две години по неговото сведочење во брифингот Еквити 6928, Адолф Ле Принс, синот на режисерот, бил најден мртов (застрелан) во Њујорк.

Наводи

Медија Филмот во QuickTime формат.

Надворешни врски

Центар за кинематографија, фотографија и телевизија „Луј Ле Принс“ Филмот на YouTube

Категорија:Филмови од 1888 година Категорија:Неми филмови Категорија:Црно-бели филмови