Набатејско писмо — согласно писмо, абџад, кое било користено од страна на Набатејците за запишување на набатејскиот јазик. Писмото се користело во 2 век п.н.е.Omniglot. Важни натписи за ова писмо се пронајдени во Петра, Јордан и на Синајскиот Полуостров во Египет.

Развој Набатејското писмо е создадено од арамејското писмо. Врз основа на ракописната форма на набатејското писмо настанало современото арапско писмо после 4 век. Поради тоа, набатејското писмо по форма е помеѓу северните семитски писма (арамејски и хебрејски) и јужните (арапски).

набатејскиимеарапскисирискихебрејскиAlefBeth/BehGamal/GiimDalath/DalHehWawZainHa/HethTethYodh/YaKaph / Lamadh/LamMeem / Noon / Simkath нема во арапскиот'E/AinPeh/Feh / Sad'e/Saad / QophResh/RaaSeenTaw/Tah Сириското и арапското писмо е секогаш ракописно и некои букви имаат различни форми во зависност од позицијата во зборот. Види арамејско писмо за подеталена споредба на формите.

Уникод

Набатејското писмо било додадено во уникод во јуни 2014 година со издавањето на верзијата 7.0 набатејско писмоОфицијална кодна табела на Уникод (PDF)   0 1 2 3 4 5 6 7 8 9 A B C D E F U+1088x 𐢀 𐢁 𐢂 𐢃 𐢄 𐢅 𐢆 𐢇 𐢈 𐢉 𐢊 𐢋 𐢌 𐢍 𐢎 𐢏 U+1089x 𐢐 𐢑 𐢒 𐢓 𐢔 𐢕 𐢖 𐢗 𐢘 𐢙 𐢚 𐢛 𐢜 𐢝 𐢞 U+108Ax 𐢧 𐢨 𐢩 𐢪 𐢫 𐢬 𐢭 𐢮 𐢯 Белешки 1.Според верзија 10.0 2.Сивите полиња означуваат неназначени карактери

Наводи

Надворешни врски Набатејско писмо, ancientscripts.com Набатејско писмо, nabataea.net

Категорија:Согласни писма Категорија:Семитски писма Категорија:Набатејски јазик