Аргишти I (ерменски:Արգիշտի Ա) — шестиот познат крал на Урарту, тој владеел од 786 година п.н.е. до 764 година п.н.е. Тој ја основал цитаделата на Еребуни во 782 година п.н.е., која е денешниот главниот град на Ерменија, Ереван.

Син и наследник на Менуа, тој ја продолжи серијата на освојувања иницирана од неговите претходници. Тој беше вклучен во голем број на конфликти со асирскиот крал Шалманесер IV. Тој го освоил северниот дел на Сирија и го претвори Урарту во најмоќната држава во пост-хетитска Мала Азија. Тој исто така го прошири неговото кралство на север до езерото Севан, освојувајќи ги Диаоха и Араратската долина. Аргишти ја изгради Еребунската тврдина во 782 година п.н.е. и тврдината на Аргиштикиинили во 776 година п.н.е..

Тој беше наследен од неговиот син Сардури II.

Јазичарите сметаат дека името Argištiše има индоевропско потекло (ерменско).Petrosyan, Armen - The Indo-european and ancient Near Eastern sources of the Armenian epic, 2002, Institute for the study of Man Како доказ ја користат сличноста на зборовите: ерменскот արեգ (areg) – "сончево божество", "сонце", фригискиот ΑΡΕJΑΣΤΙΝ (Areyastin) - "епитет за големата мајка" и античко грчкиот αργεστής (argestes) - "сјаен", "брилијантен", "бел", "светол".

thumb|десно|300px|Урарту за време на владеењето на Аргишти I

Поврзано

Список на кралеви на Урарту

Наводи

Категорија:Ереван Категорија:Историја на Ерменија Категорија:Основачи на градови