Шлеско Војводство (, , ) — војводство во историската област Горна Шлеска, јужна Полска. Главен и најголем град е Катовице.

Иако војводството го носи тоа име, највеќето од историската област Шлеска денес е поделена меѓу Лубушкото, Долношлеското и Ополското Војводство, додека пак источниот дел од војводството (и особено Ченстохова на север) ѝ припаѓа на историската област Малополска.

Војводството е создадено на 1 јануари 1999 г. од дотогашните војводства Катовичко, Ченстоховско и Бјелско, согласно управната реформа усвоена претходната година.

Ова е најгусто населеното војводство во Полска со речиси 5 милиони жители на површина од . Исто така претставува најголемото урбано подрачје во цела Средна и Источна Европа. Во стопански поглед, војводството учествува со 13 % од вкупниот БДП на Полска.

Географија Шлеското Војводство се граничи со Чешка и Словачка на југ, како и уште четири полски војводства: Ополското на запад, Лоѓското на север, Светокришкото на североисток и Малополското Војводство на исток.

Областа ги опфаќа Шлеската Висорамнина во средиштето и на северозапад и Краковско-ченстоховската Јура на североисток. Јужната граница ја образуваат Бескидите (Шлеските и Живјечките).

Денешното Војводство е само мал дел од историската област Шлеска, која се протега Ополското, Долношлеското и Лубушкото Војводство, а во помала мера и во Чешка и Германија. Од друга страна пак, доста голем дел од војводството нема географска врска со историската Шлеска (како на пр. Ченстохова, Завјерќе, Мишкув, Јавожно, Сосновјец, Живјец, Домброва Гурнича, Бенѓин и источниот дел од Бјелско-Бјала, кои се во историската област Малополска).

Население Шлеското Војводство е најгусто населено во земјата (со , споредено со државниот просек од ). Поради високоразвиената индустрија, има најниска стапка на невработеност (6,2 %) од сите војводства. Степенот на урбанизација е голем, при што 78 % населението живее во градовите.

Знаменитости мини|десно|250п|Замокот во Пшчина. Северниот и јужниот дел од војводството се опкружени со зелен појас. Бјелско-Бјала е обиколен од венецот Бескиди, познат по зимските спортови. На планините има вкупно 150 жичници и 200 километри скијачки патеки. Најпосетени скијачки места се Шчирк, Брена, Висла и Устроњ. Во Краковско-ченстоховската Јура е застапено искачувањето. На истото подрачје забележителна е Патеката на Орловите Гнезда која минува покрај разни срушени замоци. Голема посетеност има светилиштето Јасна Гура во Ченстохова, со 4 милиони поклоници годишно. Во југозападниот дел на војводството има паркови, дворци и стар манастир (Руди, Воѓислав Шлонски). Долж реката Одра се протегаат природни резервати.

Со повеќе од два века индустриска историја, областа има и низа споменици на техниката. Тука спаѓаат железници, рудници за јаглен и сребро и рударска опрема од XIX и XX век.

Градови и гратчиња мини|десно|250п|Катовице — главен град на војводството. мини|десно|250п|Јасна Гура во Ченстохова — најсвето место во Полска. мини|десно|250п|Гливице — едно од најстарите места во Горна Шлеска. мини|десно|250п|Бјелско-Бјала — важно индустриско, сообраќајно и туристичко средиште. Поради степенот на урбанизација и индустријализација, војводството има необично голем број градови — дури 12 од 40-те најголеми градови во Полска. 19 од нив имаат статус на градски окрузи — несразмерно повеќе од секое друго војводство. Војводството има вкупно 71 градски населени места, тука наведени по број на жители според состојбата во 2006 г.):

Управна поделба Шлеското Војводство е поделено на 36 окрузи, од кои 19 се градски, а 17 се земски. Тие пак се поделени на вкупно 167 општини.

Име и изворно имеПовршина (км²)Население (2006)СедиштеДруги градовиОпштиниГрадски окрузи БитомBytom69187.2051 Бјелско-БјалаBielsko-Biała125176.6781 ГливицеGliwice134199.0991 Домброва ГурничаDąbrowa Górnicza188129.7531 ЖориŻory6562.6251 ЗабжеZabrze80190.6101 ЈавожноJaworzno15296.0511 Јастшембје-ЗдрујJastrzębie-Zdrój8595.1491 КатовицеKatowice165315.9961 МисловицеMysłowice6674.9881 Пјекари ШлонскеPiekary Śląskie4059.4941 РибњикRybnik148141.3821 Руда ШлонскаRuda Śląska78145.9291 ТихиTychy82130.8421 ХожувChorzów33114.4341 ЧенстоховаCzęstochowa160246.1291 СосновјецSosnowiec91225.2021 ШвјентохловицеŚwiętochłowice1355.1721 Шемјановице ШлонскеSiemianowice Śląskie2572.4511Земски окрузиБенѓински powiat będziński 368151.122БенѓинЧелаѓ, Војковице, Славкув, Шевјеж8Бјелски powiat bielski 457150.764Бјелско-Бјала *Чеховице-Ѓеѓице, Шчирк, Виламовице10Бјеруњско-ленѓински powiat bieruńsko-lędziński 15755.868БјеруњКожеглови, Имјелн5Воѓиславски powiat wodzisławski 287155.228Воѓислав ШлонскиРидултови, Радлин, Пшув9Гливички powiat gliwicki 663114.963Гливице *Кнурув, Писковице, Тошек, Сошњицовице8Живјечки powiat żywiecki 1.040149.492Живјец15Завјерќански powiat zawierciański 1.003124.127ЗавјерќеПоремба, Лази, Огроѓењец, Шчекоќини, Пилица10Клобучки powiat kłobucki 88984.730КлобуцкКшепице9Лублинечки powiat lubliniecki 82276.628ЛублињецВожники8Миколувски powiat mikołowski 23291.022МиколувЛажиска Гурне, Ожеше5Мишкувски powiat myszkowski 47971.619МишкувЖарки, Кожеглови5Пшчински powiat pszczyński 473104.638Пшчина6Раќибушки powiat raciborski 544111.505РаќибужКужња Раќиборска, Кшановице8Рибњички powiat rybnicki 22573.527Рибњик *Червјонка-Лешчини5Тарногурски powiat tarnogórski 643137.979Тарновске ГуриРаѓионкув, Калети, Мјастечко Шлонске9Ќешински powiat cieszyński 730171.029ЌешинУстроњ, Скочув, Висла, Струмјењ12Ченстоховски powiat częstochowski 1.519133.553Ченстохова *Блаховња, Коњецпол16* седиштето не е дел од округот

Поврзано Шлеска Шлески јазик Шлески востанија

Наводи

Надворешни врски

Шлеско Војводство — официјална страница Портал на Шлеска

Категорија:Војводства во Полска Категорија:Држави и територии настанати во 1999 година