right|thumb|300px|Семирамидините градини според Мартен Хемскерк (XVI век). Во позадината се гледа Вавилонската кула. right|thumb|300px|Семирамидини градини, интепретација од XX век
Семирамидините висечки градини се едно од Седумте светски чуда, чија локација сè уште не е утврдена. Според преданието, изградени се од Набукодоносор II околу 600 п.н.е. за неговата жена која копнеела по родниот крај каде имало бујна вегетација.
Овие бујни висечки градини се опширно документирани од старогрчките историчари како Страбон и Диодор Сицилиски, но освен тоа, нема наоди кои би го потврдиле нивното постоење, т.е. не постои ниту еден вавилонски запис кој зборува за ваква градина. Иако се собрани извесни наоди кои укажуваат на нешто такво, тие не го потврдуваат она што ние го знаеме од историчарите, што впрочем личи на фантазирање.Finkel 2008 Низ вековите локацијата на градината можеби се помешала со градина во Нинива, бидејќи таму наоѓаме јасни прикази на градини. Текстот на овие таблици зборува за (можна) употреба на направа слична на Архимедовиот винт за подигање на вода на дадена височина. Доколку навистина постоеле овие градини, веројатно е дека биле уништени некаде после првиот век од нашата ера.
Поврзано Седум светски чуда Историја на Ирак Вавилон Вавилонска кула Семирамида Историја на градинарството
Наводи
Надворешни врски Седумте светски чуда: Семирамидините висечки градини
Категорија:Архитектура од 5 век п.н.е. Категорија:Градини Категорија:Вавилонија Категорија:Седум светски чуда на античкиот свет Категорија:Вавилонска уметност и архитектура Категорија:Нинива