Квалификации за Светско првенство во фудбал 2018 – плејоф (КОНКАКАФ–АФК) било фудбалско натпреварување, односно два натпревари од дополнителните квалификации помеѓу победникот од 4. круг квалификации на АФК конфедерацијата Австралија, и четвртопласираната репрезентација од 5. круг квалификации од КОНКАКАФ конфедерацијата Хондурас. Натпреварите од баражот се одиграле на 10 и 15 ноември 2017 година. Австралија победила со вкупен резултат 3–1 и се квалификувала за Светското првенство.

Преглед Австралија шести пат настапила во дополнителен интерконтинентален бараж на квалификации за Светско првенство. Првпат во интерконтинентален бараж Австралија настапила 1985 каде била поразена од Шкотска. Во баражот за Светското првенство 1994, Австралија најпрво била поуспешна од Канада, а потоа загубила од Аргентина со вкупен резултат 2–1. Четири години подоцна, кенгурите ниту овој пат не успеале да се квалификуваат на Светското првенство 1998, каде сега во баражот биле поразени од Иран. Иако двата натпревари завршиле со нерешен резултат 1–1 и 2–2 Иран се квалификувал за Светското првенство поради правилото за повеќе постигнати голови во гости. Во квалификациите за Светското првенство 2002 во интерконтиненталниот бараж Австралија играла против Уругвај. Иако во првиот натпревар Австралија победила со резултат 1–0 во вториот натпревар Уругвај остварил убедлива победа со резултат 3–0 и се пласирал на Светско првенство. Четири години подоцна исти двобој Уругвај и Австралија повторно се сретнале во баражот. Овој пат Австралија била поуспешна по изведување на пенали во реваншот на домашен терен. Во двата натпревари домаќините оствариле идентични победи со резултат 1–0. За разлика од Австралија, за Хондурас ова бил прв интерконтинентален бараж.

Натпревари Прв натпревар

GK 22 Донис ЕскоберRB 21 Брајан Бекелес CB 23 Џони Паласиос CB   3 Хенри Фигероа LB   7 Емилио Исагире RM 20 Хорхе Кларос CM   8 Алфредо МехијаCM 16 Луис Алфредо Лопес LM 12 Ромел КиотоCF   9 Антони Лосано CF 11 Карлос Ланса Замени:MF 17 Михаел Киринос MF 10 Марио Мартинес FW 13 Карло Костли Селектор: Хорхе Луис Пинто GK   1 Метју РајанCB   6 Метју Џрман CB 20 Трент Сеинсбри CB   8 Бејли РајтRM   7 Џош Рисдон CM 15 Миле Јединак CM 21 Масимо Луонго LM 16 Азиз БехичRF 22 Џексон Ирвајн CF   9 Томи Јуриќ LF 13 Арон МојSubstitutions:MF 23 Том Рогиќ DF   2 Милош Дегенек FW 17 Никита Рукавиција Селектор:Анге Постекоглу

Помошни судии: Лоренцо Мангели Рикардо ди Фјоре Четврти судија: Паоло Талјавенто

Втор натпревар

GK   1 Метју РајанCB   8 Бејли РајтCB 20 Трент Сеинсбри CB   6 Метју Џрман DM 15 Миле Јединак CM   5 Марк Милиган CM 13 Арон Мој AM 23 Том Рогиќ RW   7 Метју Лики LW 16 Азиз БехичCF   4 Тим Кејхил Substitutions:FW   9 Томи Јуриќ FW 10 Роби Крузе MF 14 Џејмс Троиси Селектор:Анге Постекоглу GK 22 Донис ЕскоберRWB 21 Брајан БекелесCB 23 Џони Паласиос CB   3 Мајнор Фигероа CB   5 Евер АлварадоLWB   7 Емилио Исагире CM 20 Хорхе Кларос CM   6 Брајан АкостаRW 17 Алберт ЕлисLW 12 Ромел Киото CF   9 Антони ЛосаноЗамени:DF   4 Хенри Фигероа MF 10 Марио Мартинес FW 11 Еди Ернандес Селектор: Хорхе Луис Пиното

Помошни судии: Ернан Мајдана Хуан Пабло Белати Четврти судија: Патрисио Лоустау

Наводи

Надворешни врски

Qualifiers , FIFA.com

Плејоф (КОНКАКАФ–АФК) Категорија:Натпревари на австралиската фудбалска репрезентација Категорија:Натпревари на хондураската фудбалска репрезентација