мини|десно|300п|Карта на општината Владиславово. Владиславово () — општина во Пучкиот Округ на Поморското Војводство, северна Полска. Седиште е градот Владиславово.

Сместена е на почетокот од Хелскиот Провлак на балтичкиот брег. Зафаќа површина од и има вкупно население од 15.482 жители (2017).

Во периодот од 1973 до 2014 г. Владиславово било градска општина (т.е. се состоела само од градот). Претворена е во градско-селска на 1 јануари 2015 г. со придодавање на околните населени места.

Населени места Општината се состои од 8 населени места:

Владиславово Јастшембја Гура Карвја Острово Розевје Тупадли Халупи Хлапово

Поврзано Хелски Провлак Пучки Залив

Наводи

Надворешни врски

Општина Владиславово — официјално мрежно место

Категорија:Владиславово (општина) Категорија:Општини во Поморското Војводство Категорија:Пучки Округ